ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 22.01.2020 во 11.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во деловен објект на ул.„Беласица“ во Скопје. При претресот во објектот биле затекнати 14 лица од Р.Турција со нерегулиран престој, согласно член 147 од Закон за странци.

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – На 23.01.2020 во 06.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на бул.„Партизански одреди“ пет лица со закана со пушки и пиштоли од вработените ги одзеле парите од дневниот промет, по што избегале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до
надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против
С.Х.(24) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено
кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет
наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Кај него, се појаснува во соопштението од МВР, при извршен преглед, била пронајдена и одземена кеса со хероин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.С.(55) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во 2014, на узурпирани земјоделски катастарски парцели на подрачје на с.Пепелиште, неготинско, го потпишал известувањето жетвениот процес да биде извршен во три
дена 25, 26 и 27.06.2014, на површина од околу 35 хектари. После тоа, во ДОО ,,Агроинвест“ Прилеп биле складирани вкупно 29.510 кг. јачмен, по што при проверките е констатирано дека жетвата не е спроведена согласно законските регулативи, односно во евиденциите на инспекторатот не постоеле договори за жетва, договор за транспорт, договор за складирање и чување на јачмен, податоци за ожнеана површина и количина на ожнеаната жетва. Пријавениот, не вршејќи должен надзор, не ги евидентирал количините на јачмен и овозможил стекнување на противправна имотна корист за други, во износ од 700.000 денари, за која сума го оштетил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство Скопје.

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична
пријава против Б.С.(52) од охридското село Лескоец поради постоење
основи на сомнение за сторени кривични дела ,,телесна повреда“ и
„неизвршување на судска одлука“. Тој, на 17.12.2019 во семејниот дом,
непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени
привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал неговиот малолетен син.

На 22.01.2020 во 11.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во деловен објект на ул.„Беласица“ во Скопје. При претресот во објектот биле затекнати 14 лица од Р.Турција со нерегулиран престој, согласно член 147 од Закон за странци. Лицата биле лишени од слобода и предадени на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 22.01.2020 во 21.10 часот во Полициската станица Струмица, Д.М.(24) од Струмица пријавила дека околу 18.45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица и се доближило едно лице и почнало да ја допира по телото, по што побегнало. Во 22.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица на плоштадот во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

На 22.01.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(41) од с.Арачиново,
скопско, пријавил дека околу 19.00 часот на бул.„АСНОМ“,бил физички
нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2020 во 15.35 часот во Полициската станица за граничен надзор Пехчево било пријавено дека во атар на с.Двориште, беровско, настанал пожар. Во 18.00 часот пожарот бил локализиран од екипи на
Територијалната противпожарна единица Берово и Шумско стопанство на Пехчево и Берово.

На 22.01.2020 во 06.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу
06.20 часот настанал пожар во куќа на ул.„Горно Лисиче“, сопственост на И.Ѓ.(35) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за
противпожарна заштита Скопје, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 22.01.2020 во 11.50 часот било пријавено дека пред трговски центар во Кочани Б.И.(47) од Кочани се полил со бензин и се самозапалил, по што бил пренесен во ЈЗУ Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди (изгореници), а потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

На 22.01.2020 во 15.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.П.(80) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син К.П.(56). Според пријавеното, причина биле семејни проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.01.2020 во 22.30 часот во СВР Скопје, Е.А.(18) од Скопје пријавил дека околу 21.45 часот на ул.„Кеј 13 Ноември“ три лица физички го нападнале и се обиделе да му одземат пари и часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(72) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 21.12.2019 во семејниот дом на ул. „Ван Вардарска“ во Тетово, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка
поднесе кривична пријава против Ф.П.(28) од Крива Паланка, поради
постоење основи на осмнение за сторено кривично дело „телесна
повреда“. На 08.12.2019 во семејната куќа пријавениот, по претходна
расправија и под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата
вереница и ѝ нанел повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка
поднесе кривична пријава против М.С.(57) од с.Конопница,
кривопаланечко, поради постоење основи на сомнеие за сторено
кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.01.2020 пред семејниот дом, пријавениот, кој бил под дејство на алкохол, со тврд предмет физички ја нападнал неговата сопруга Л.С.(53), а го навредувал и неговиот син И.С.(26).

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Б.(27), В.Б.(21), двајцата од Тетово, Ј.А.(20) од с. Селце и Е.А.(26) од с.Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 27.11.2019 кај Камен мост на ул.„Ленин“ во Тетово, пријавените физички ги нападнале В.О.(22), Ф.М.(22) и Б.Л., сите од Тетово.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.С.(56) од Ѓорче Петров – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.

На 27.08.2019 во викендичка во с.Сенце, гостиварско, сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес,
при што пронашле и одзеле ловна пушка „црвена застава“ калибар 12 мм и ловен патрон со калибар 12 мм, за кои не поседувал дозвола. По
извршеното вештачење било утврдено дека ловната пушка била во
сопственост на лице од с.Матејче, општина Липково и била предмет на
кривично дело „кражба“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка
поднесе кривична пријава против С.И.(65) од Крива Паланка, поради
постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено
изработување, држење, посредување и тргување со оружје или
распрскувачки материи“. На 27.12.2019 во простории на фирма во Крива Паланка, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле 780 парчиња пиротехника, кои пријавениот неовластено ги набавил.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д.(39) од Скопје,
поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело
„спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 29.10.2019 во казино во Скопје пријавениот се обидел физички да нападне лице вработено како обезбедување, кое извршувало работни обврски.

На 22.01.2020 во 12.00 часот на ул.„Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Ф.А.(34) од Гостивар, кој се барал за доиздржување на затворска казна. Набргу потоа, Ф.А. бил предаден во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

На 22.01.2020 околу 12.10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во
Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(48) од гостиварски Равен, кој претходно извршил тешка кражба во патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски таблици, сопственост на А.А.(31) од с.Аџиевци.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно
документирање на случајот, против И.Б. ќе биде поднесен соодветен
поднесок.

На 22.01.2020 околу 18.30 часот во Полициското одделение Шуто
Оризари, А.С.(50) од нас. Шуто Оризари – Скопје пријавил дека од дома заминала неговата ќерка А.С.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close