ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 20.01.2020 во СВР Битола, З.Ј. од Ресен пријавил дека во период од 18.01.2020 до 20.01.2020 во магацин на поранешна фабрика на ул.„29 Ноември“, непознат сторител насилно влегол во објектот и одзел 30 палети со 56 гајби односно околу 26.880 килограми јаболка.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – На 20.01.2020 во СВР Битола, З.Ј. од Ресен пријавил дека во период од 18.01.2020 до 20.01.2020 во магацин на поранешна фабрика на ул.„29 Ноември“, непознат сторител насилно влегол во објектот и одзел 30 палети со 56 гајби односно околу 26.880 килограми јаболка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од МВР денеска соопштија дека вчера во 18.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во аптека на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид, едно лице со закана кон вработената, одзело пари од касата. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 20.01.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје, И.А.(40) од Скопје, пријавил дека околу 20.30 часот, во објект на бул.„Партизански одреди“, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.01.2020 во 20.00 часот во Полициска станица Гостивар, Ѓ.А.(55) од с.Равен, гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот во угостителски објект во с.Равен бил физички нападнат од А.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Тетово и Н.А.(32) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“. Во осигурителна компанија од Тетово, првопријавениот, вработен како менаџер на подружница и второпријавениот, вработен како застапник, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што истите влијаеле врз оштетените А.З., Е.З., Б.З. и В.Н. и ги измамиле да им потпишат полномошно за подигање на парични средства од нивните трансакциски сметки. Од страна на првопријавениот, од три трансакциски сметки на тројца оштетени лица, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 680.000 денари, додека од страна на второпријавениот, од една трансакциска сметка на еден оштетен, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 400.000 денари, или вкупниот износ на подигнати средства изнесува 1.080.000 денари. Подигнатите износи од пријавените лица не биле предадени на оштетените, освен во еден наврат кога првопријавениот му исплатил на оштетениот А.З. само 1.500 евра, од вкупно подигнатите 150.000 денари.

На 20.01.2020 во 12.15 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје била пронајдена М.С.(16) од Скопје, за која на 19.01.2020 било пријавено дека се оддалечила од домот.

На 20.01.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била донесена повредена О.К.(50) од Скопје, вработена во фабрика. Таа се здобила со тешки телесни повреди на работното место.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Д.(20) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 31.12.2019 во Градски трговски центар Кочани полициски службеник, при преземање службени дејствија за сторен прекршок, бил прво вербално, а потоа и физички нападнат од пријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. (53) од Прилеп и правeн субјект од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во периодот од 01.05.2018 до 31.12.2018, првопријавениот, во својство на управител и еден од сопствениците – овластено лице во правниот субјект со намера да ја избегне обврската за плаќање на данок – односно делумно плаќање на ,,данок на додадена вредност“ кон УЈП, не го евидентирал целокупниот промет на добра кој го остварувал преку дејноста на правниот субјект – ,,трговија со градежни материјали на мало“, односно во наведениот период извршил промет на добра кон друг правен субјект и кон лицето П.О. од Прилеп, во висина од 1.716.503 денари, кој не го евидентирал во сметководствените евиденции, како и во даночните пријави за целите на ДДВ, кои согласно законската обврска ги поднесувал до УЈП во 2018 година. На ваков начин првопријавениот, во текот на 2018 година до УЈП поднесувал невистинити податоци – даночни пријави со лажни податоци за целите на ДДВ и ја избегнал обврската за плаќање на данок за додадена вредност во висина од 261.972 денари, на штета на буџетот на РСМ.

РЦ ГР Исток поднесе кривична пријава против Т.С. (48), С.С. (47) и В.А.(63), сите од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 09.01.2020 во 17.25 часот, во атарот на с.Косевица, општина Македонска Каменица, полициски службеници при вршење на службени дејствија ги затекнале пријавените како неовластено ловат дивеч.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(48) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. Пријавениот, во повеќе наврати во текот на 2017 година, на различни дестинации, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, со товарно возило „мерцедес“, сопственост на Е.А., вршел јавен превоз на огревни дрва во различни количини, без притоа да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М.(36) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 07.08.2019 на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот каде пронашле и одзеле марихуана. цр/

Back to top button
Close
Close