ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 20.01.2020 околу 02.10 часот полициски службеници при СВР Куманово на ул.„Трета македонска бригада“ во Куманово забележале едно лице кoe предизвикало пожар на моторно возило „шевролет спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешен Дом на АРМ. Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на ул.„Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени.

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – На 20.01.2020 околу 02.10 часот полициски службеници при СВР Куманово на ул.„Трета македонска бригада“ во Куманово забележале едно лице кoe предизвикало пожар на моторно возило „шевролет спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешен Дом на АРМ. Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на ул.„Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени.

Од МВР денеска информираат дека опожареното возило „шевролет спарк“ е изгаснато по интервенција од страна на Противпожарната единица Куманово. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2020 околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“, по претходна расправија Х.П.(38) од Тетово со остар предмет го нападнал А.М.(35) од Тетово, нанесувајќи му убодна рана. А.М. бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од полициски службеници од СВР Тетово на местото на настанот е пронајден и подигнат ножот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2020 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на бараките на општина Кисела Вода, во просторија која се користи како штаб на политичка партија, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.И.(26) и Н.А.(22), и двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје, Н.С.(43) од Скопје пријавила дека нејзината ќерка М.С.(16) од Скопје, по семејна расправија, се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18 и 19.01.2020 во периодот од 23.00 до 05.00 часот, Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип во СВР Штип, спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај седум возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите седум возачи биле исклучени од сообраќај, им биле одземени возачките дозволи и издадени им се соодветни платни налози. Санкционирани се и 12 останати прекршоци.

На 19.01.2020 околу 17.30 часот, Ф.М.(31) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека половина час претходно, во кафетерија на ул.„146“ во Тетово, бил физички нападнат од А.П.(37) од Скопје. На нападот му претходела вербална расправија, при што А.П. упатил закани и се обидел да го нападне со остар предмет Ф.М., но бил спречен во намерата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лицата И.Д.(51) и Н.Д.(49), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.11.2019 на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, оштетениот Р.Д.(47) од с.Чегране, гостиварско, со сопругата и синот пристигнале пред Полициската станица Гостивар за да пријават физички напад извршен врз неговиот син, при што се сретнале со пријавените лица кои физички го нападнале Р.Д. Првопријавениот при нападот употребил тврд предмет. Од полициски службеници пријавените биле лишени од слобода.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Т.(37) од Скопје и С.Т.(62) од с. Туденце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.01.2020 во гостилница во с.Туденце, пријавените започнале вербална расправија со оштетениот Т.Р. (49) с. Туденце, поради меѓусебни нерасчистени односи, по што С.Т. физички го нападнал оштетениот, а потоа, во дворот на објектот, и Д.Т. со тврд предмет физички го нападнал Т.Р..

На 19.01.2020 околу 13.00 часот В.Г.(72) од Кавадарци пријавила дека во нејзиниот двор била касната од куче во пределот на левата рака. цр/

Back to top button
Close
Close