ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 18.01.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(22) од н.Илинден, Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во угостителски објект на улица „9“ во н. Илинден бил физички нападнат од Г.Б., С.М. и С.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје, 19 јануари 2020 (МИА)На 18.01.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(22) од н.Илинден, Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во угостителски објект на улица „9“ во н. Илинден бил физички нападнат од Г.Б., С.М. и С.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.01.2020 во 12.15 часот во Полициска станица Карпош, Е.С.(39) од Скопје пријавила дека на 17.01.2020 околу 18.00 часот нејзиниот син Љ.С.(18) бил прободен со остар предмет во десната надколеница, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2020 во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.„Димитрија Чуповски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.С.(30) и Б.Н.(23), и двајцата од Скопје, кои биле во алкохолизирана состојба. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4, 6 и 11 од ЗППЈРМ.

На 18.01.2020 во 09.16 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(36) од Скопје пријавила дека настанал пожар во куќа во нејзина сопственост на ул.„Малешевска“, при што опожарен бил дел од покривот. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(21) од с.Жубрино, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштење во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.06.2018 на спортско игралиште во кругот на Правниот факултет во Кичево, полициски службеници од Полициска станица Кичево извршиле преглед на С.С., Е.В.(19) од Кичево, А.И.(21) од с.Трапчин дол и патничко возило „хонда акорд“, сопственост на С.С., при што пронашле и одзеле марихуана.

На 18.01.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, К.С.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 18.01.2020 во 23.40 часот во СВР Охрид, С.И.(25) од Охрид пријавил дека околу 23.30 часот на ул„Св. Климент Охридски“ бил физички нападнат од Н.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.01.2020 околу 13.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ настанал пожар во трафостаница на ЕВН Македонија, при што целосно била опожарена внатрешната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 19.01.2020 во 02.50 часот во СВР Тетово, Е.В.Р. од с.Брвеница, тетовско, пријавила дека на 18.01.2020 околу 23.00 часот во с.Брвеница, по претходна расправија, била физички нападната од Љ.В. од с.Челопек, тетовско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.01.2020 во 13.00 часот во СВР Битола, Н.Н.(63) од Битола, пријавил дека при извршување на работни задачи како ловочувар на ловиште во с.Совиќ, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ѓ.К.(59) и А.К.(29), и двајцата од с.Гермијан, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.01.2019 во 18.55 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Ж.К.(56) од с. Кривогаштани пријавил дека настанал пожар на оџак од зграда во с.Кривогаштани. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Кривогаштани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско одделение Кривогаштани.

На 18.01.2020 во 20.45 часот во СВР Битола, З.А.(25) од с.Норово, крушевско, пријавил дека околу 20.30 часот во продажен објект во с.Норово, по претходна расправија, бил физички нападнат од Џ.И. и И.И. од с.Норово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2020 во 01.25 часот во СВР Штип, П.И.(24) од с.Црвулево, општина Карбинци, пријавил дека на 18.01.2020 околу 23.30 часот, во близина на угостителски објект на ул.„Иво Лола Рибар“, бил физички нападнат од неговиот брат С.И. и уште четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.01.2020 во 18.00 часот во Полициска станица Струга, М.Р.(62) од Струга пријавил дека настанал пожар во куќа во негова сопственост на ул.„Ристо Крле“, при што била опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. мс/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close