0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Скопје, 13 јануари 2020 (МИА)СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, неовластено, поради продажба во својот и во домот на неговиот дедо чувал 2,6 кг. марихуана, како и амфетамин и хашиш. Дрогата била пронајдена при претреси во неговиот и домот на неговиот дедо, извршени на 10 и 11 јануари, врз основа на судска наредба. По спроведена постапка, од страна на истражен судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Кичево, А.Ч.(43) од Скопје, Ф.М. (40) од Кичево, Е.М.(27) од Битола, Р.И.(20) од Прилеп, Е.М.(30) од Кичево, М.Р.(16) од Кичево и С.М.(33) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот А.А., во периодот од втората половина на декември 2019 година до 09.01.2020, ги ангажирал останатите пријавени секојдневно да сечат од 15 до 20 метри кубни дабово огревно дрво од шума, сопственост на Р.С. Македонија, кои потоа со товарно возило ги транспортирале до домот на А.А. во с.Србјани, Кичевско, и до крајните купувачи во Кичево и околните села.

СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство, поднесе известување против И.К.(18) и шест други малолетници, сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.12.2019 на ул.„Питу Гули“ во Охрид, пријавените физички го нападнале П.А.(18).

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(18) од с.Страцин, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. На 31.12.2019 околу 21.00 часот во с.Страцин, во куќа сопственост на М.Ѓ(65) и В.Ѓ(60), влегол А.А., кој со закана им барал пари.

Во текот на 11 и 12 јануари, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата во Тетово биле откриени 19 возачи-прекршители, кои биле исклучени од сообраќај и времено им биле одземени возачките дозволи. Откриени и законски санкционирани биле и 34 други видови прекршоци. Во контролата во Гостивар биле откриени три возачи под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај и им биле одземени возачките дозволи. Откриени биле, исто така, и три други прекршоци.

На 12.01.2020 во 11.50 часот во СВР Скопје, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот на ул.„100“ во с.Волково, скопско, била физички нападната од Д.З.(55) од с.Ново Село, Скопско. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 12.01.2020 во Полициската станица Чаир, Б.Д.(53) од Скопје пријавил дека на 11.01.2020 околу 18.30 часот настанал пожар во неговото патничко возило „опел астра“, кое било паркирано пред неговата куќа на ул.„Скоевска“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.

На 12.01.2020 во 16.20 часот во Полициската станица Драчево, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 11.30 часот кај нив Р.И.(27) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во неговиот дом починало неговото новороденче, старо неколку дена. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.

На 13.01.2020 во 01.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Атанас Иљоски“ настанал пожар во патничко возило „хјундаи И20“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.П.(49) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид. вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close