0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.E.(33), државјанин на СР. Германија и Р.A.(30), државјанин на Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Скопје, 9 јануари 2020 (МИА) – Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.E.(33), државјанин на СР. Германија и Р.A.(30), државјанин на Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 05.01.2020 на Граничен премин „Богородица“ од слобода е лишен К.E., поради тоа што во патничко возило „фолксваген“, со германска национални ознаки, превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија, за кои подоцна било утврдени дека биле украдени во текот на 2019 година. Во врска со настанот, подоцна била приведена и Р.А.. Од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

СВР Штип поднесе кривична пријавa против М.Б.(45) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Од Судија на претходна постапка на М.Б. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, на 03.01.2020 полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Антон Панов“ во Штип, при што пронашле и одзеле автоматска пушка „хеклер“ калибар 9 x 19 мм, малокалибарска пушка непозната марка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“ и 1.119 парчиња куршуми од различен калибар.

На 08.01.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Драчево, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека на ул.„Јанко Мишиќ“ во Скопје настанaл пожар во три подземни контејнери. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 08.01.2020 во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение било пријавено дека од установата самоволно се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17). Таа и претходно, во повеќе наврати, се оддалечувала од установата и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.01.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Скопско кале настанал пожар во кој гореле кабли и трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.12.2019 во семејната куќа во село Доброшане, кумановско, физички ја нападнал неговата мајка Р.Ј.(59), а упатил и закани по нејзиниот и животот на неговиот татко Љ.Ј.(62).

На 08.01.2020 во 16:27 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека настанал пожар во фирма на ул.„Александар Урдаревски“, сопственост на Ј.А.(38) од Скопје. Пожарот биле изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 08.01.2020 во 14.50 часот во СВР Скопје, Д.А.(55) од Скопје пријави дека во периодот од 12.00 часот на 02.01.2020 до 14.00 часот на 08.01.2020 непознат сторител, со употреба на тврд предмет, го скршил страничното стакло до влезната врата во Прес – центарот на МИА, на ул.„Димитрие Чуповски“, влегол внатре и одзел предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.01.2020 во 23.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека била пронајдена и вратена дома малолетната ќерка на С.А.(30) од Скопје, за која на 07.01.2020 С.А. пријавила дека се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Б.(52) од село Чајле, гостиварско, бидејќи во текот на 2018 година извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка од гостиварско село. Пријавениот Џ.Б. бил лишен од слобода и одредена му е мерка притвор. ев/

Back to top button
Close
Close