ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 07.01.2020 околу 03.30 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(36) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеници при вршење службени дејства.

Скопје, 7 јануари 2020 (МИА) – На плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, вчера во 18.00 часот полициски службеници од слобода го лишиле К.С.(22) од Куманово поради тоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица, соопштија денеска од МВР, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во Полициската станица Струга синоќа во 20.45 часот било пријавено дека настанал пожар во куќата сопственост на С.Д.(29) во село Радолишта, при што била зафатена една соба. Во 23.00 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 07.01.2020 околу 03.30 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(36) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеници при вршење службени дејства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.01.2020 во 17.00 часот во Полициското одделение Чегране, С.Д.(37) од с.Корито, со живеалиште во Гостивар, пријавил дека околу 15.10 часот на локалниот пат од с. Чегране кон с. Корито бил физички нападнат од А.Р. од с. Мала Речица, тетовско, поради претходен долг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.01.2020 во 05.25 часот во СВР Битола, А.М.(31) и И.Х.(32), двајцата од Битола, пријавиле дека околу 02.00 часот во близина на угостителски објект во нас. Горно Оризари, по претходна расправија, биле физички нападнати од Н.К.(30) од с.Сопотница и Ј.Л.(20) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.01.2020 во 16.15ч во Полициската станица Велес, В.Н.(32) од Велес пријавил дека во 01.00 часот на ул.„Крсте Мисирков“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.01.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Кавадарци, А.Д.(35) од Кавадарци пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект во Кавадарци, тој и М.Д. биле физички нападнати од неколку лица. Во врска со истиот настан, на 06.01.2020 во Полициската станица Кавадарци, С.Ј.(28) и А.М.(29), двајцата од Кавадарци, пријавиле дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Кавадарци биле физички нападнати од едно машко лице, додека едно женско лице кршело чаши. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. цр/

Back to top button
Close
Close