ХроникаХроника.Портал

МВР-билтен (ДПЛ)

СВР Велес поднесе кривична пријава против Л.М.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.10.2018 на ул.„Прохор Пчињски“, од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени таблети метилен – диоксиметамфетамин (MDMA).

Скопје, 1 јануари 2020 (МИА) – СВР Велес поднесе кривична пријава против Л.М.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.10.2018 на ул.„Прохор Пчињски“, од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени таблети метилен – диоксиметамфетамин (MDMA).

На 01.01.2020 во 05.15 часот на ул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.М.(29), С.С(22) и А.Ж.(30), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, таблети и тврда материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2019 во 18.30 часот во во с.Чајлане, Скопско, полициски служебеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(56), поради тоа што по претходна расправија со неговиот брат Ќ.Д.(66), и двајцата од с.Чајлане, физички го нападнал со остар предмет. По настанот и двајцата се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, при што кај Ќ.Д. биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 13.10 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг помеѓу Поликлиника „Јане Сандански“ и црква „Св.Илија“, во патничко возило „хјундаи туксон“, со скопски регистарски ознаки, починала Ф.Ц.(48) од Скопје, која била донесена од нејзиниот сопруг Е.Ц.(52) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

На 31.12.2019 во 21.36 во СВР Скопје, С.Ѓ. пријавил дека во продажен објект на ул.„Џон Кенеди“ настанал пожар, при што била опожарена надворешна единица на клима уред и дел од фасада. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 31.12.2019 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во финансиско друштво на ул.„Јужно-моравски бригади“ две лица со закана одзеле пари од вработената Е.С.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 17.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на плоштад „Македонија“ – Винтерленд, И.К(43) од Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Ф.(28) и Е.А.(39), и двајцата од с. Огњанци, Скопско. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

На 31.12.2019 во 08.45 часот во СВР Штип било пријавено дека во Клиничката болница Штип бил донесен Х.А.(43) од с.Бузалково, Велешко, кој се повредил додека извршувал работни задачи на своето работно место во фирма во с.Сушево, Штипско. По незгодата лицето е пренесено во Клиничка болница Штип каде му бил константирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 17.40 часот во СВР Скопје, Б.И.(19) и С.И.(38) и двајцата од Скопје, пријавиле дека од 15.40 часот до 15.45 часот, пред угостителски објект на ул.„Антон Грубишиќ“ биле физички нападнати од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 14.00 часот во СВР Скопје било приајвено дека пред угостителски објект на бул.„Борис Трајковски“, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј. Д.(79) од Скопје и П.Б.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 23.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ул.„191“ во Скопје настанал пожар при што објектот бил опожарен, а во него се наоѓал М.В.(62) од Скопје, кој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде по укажување на лекарска помош самоволно ја напуштил клиниката. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

На 31.12.2019 во 18.20 часот во СВР Скопје, К.С.(22) од Скопје пријавил дека околу 18.20 часот во близина на угостителски објект на ул.„Симеон Кавракиров“ бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 20.12 часот во СВР Скопје, Г.Д.(44) од Скопје пријавил дека во просторија од неговиот дом на ул.„Перо Наков“ во Скопје пронашол зрно од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 20.00 часот во СВР Скопје, М.З.(19) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во близина на угостителски објект на ул.„Јани Лукровски“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2019 околу околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 05.20 часот во стан на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“, во сопственост на Љ.К.(83) од Скопје, неколку лица со употреба на сила влегле и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 14.30 часот во СВР Скопје, В.Ф(48) с.Грчец пријавил дека во с.Грчец, Скопско, на место викано „Зарин дол – шишевски дел“, настанал пожар во шупа во негова сопственост. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

На 31.12.2019 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Иван Хаџиниколов“, Ј.Е.(21) и 17-годишен малолетник, и двајцата од Скопје, биле физички нападнати од П.Д.(27) и К.Х.(27), и двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗПП-ЈРМ.

На 01.01.2019 во 03.15 часот во СВР Скопје, Ѓ.Д.(23) од Злетово, Пробиштип пријавил дека околу 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Димитрија Чуповски“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 15.40 часот на ул.„Димитар Осоговски“ во Виница полициски службеници го лишиле од слобода Л.И.(66) од Виница, постапувајќи по претходна пријава за постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години“. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2019 во 03.30 часот во СВР Скопје, У.М.(24) од Скопје, пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект на ул.„Димитрие Чуповски“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2020 околу 11:20 часот во СВР Скопје, П.П.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„8 Септември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 31.12.2019 во 23.45 часот во СВР Скопје, А.А.(35) од Скопје пријавил дека во 18.40 часот пред угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 15.00 часот на ул.„Алиа Авдович“, Н.К.(47) од Скопје кој управувал мопед „јибен“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Н.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.

На 01.01.2020 во 08.00 часот во СВР Скопје, Д.Т.(46) од Скопје пријавил дека околу 05.00 часот во угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ неговиот 16-годишен син, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2020 во 05.00 часот во Полициска станица Кавадарци, С.Т.(38) од Кавадарци пријавила дека на паркинг на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци била удрена од патничко возило „пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од нејзиниот сопруг Г.Т. С.Т. била префрлена во Општа болница Кавадарци, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2020 во 05.30 часот во СВР Скопје, П.И.(34) од Скопје пријавил дека околу 00.20 часот, во угостителски објект на ул.„Димитрије Чуповски“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2019 во 07.50 часот на ул.,,Ѓорче Петров“ во Делчево патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(46) од Делчево удрило во пешак А.С.(55) од Делчево. По незгодата, пешакот е пренесен во здравствената установа „Гоце Делчев“ во Делчево, каде од лекар биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.

На 31.12.2019 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(39) од Скопје и Б.Б.(23) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ. мд/

Back to top button
Close
Close