ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правното лице - Трговско друштво за транспорт, производство, трговија и услуги „ДИНИ–Т2016“ ДООЕЛ увоз-извоз од струшко Ново Село и против С.М.(46) од село Мислодежда, поради  основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување знаци за обележување стоки, мери и тегови“.

Скопје, 27 ноември 2019 (МИА) –  Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правното лице – Трговско друштво за транспорт, производство, трговија и услуги „ДИНИ–Т2016“ ДООЕЛ увоз-извоз од струшко Ново Село и против С.М.(46) од село Мислодежда, поради  основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување знаци за обележување стоки, мери и тегови“.

Пријавениот како овластено лице во правното лице, во склад за дрва во село Мислодежда на 1 септември 2019 изготвил лажни знаци за обележување – жигови на дрва кои ги употребил за ставање жигови на огревно дабово дрво, кои биле незаконски набавени и складирани на плацот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(48) од Кичево и С.П.(55) од кичевското село Миокази, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“.

Од 2016 до 2018 година пријавениот Д.Ѓ. противправно присвоил 2.829.150 денари кои му биле доверени во извршување на неговите службени овластувања на работно место стручен соработник – главен ловник во Здружението за лов и спортско рекреативен риболов „ЕЛЕН“ од Кичево.

Пријавениот С.П., во својство на претседател на здружението, несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности. Тој не се грижел административно-финансиското и техничко работење на здружението да бидат во согласност со Законот за здруженија и фондови, со статутот на здружението и со другите законски и подзаконски прописи.

Во СВР Скопје вчера во 9.40 часот  било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен А.Т.(56) од кумановското село Алинце.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека извршувал работни задачи за приватна фирма во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.И.(68) од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во  текот на 2018 и 2019 година тој на катастарска парцела на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, во својство на инвеститор, без одобрение за градење, извршил надградба на објект.

На регионалниот пат Свети Николе – Куманово, во близина на село Градиште, денеска околу 6.45 часот товарно возило „фолксваген“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот. Во возилото биле пронајдени 25 мигранти, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак (седум биле малолетни лица), кои се здобиле со повреди.

Тие биле пренесени во болница во Куманово за укажување лекарска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Х.И.(31) од Скопје ноќеска во 2 часот во СВР Скопје пријавила дека вчера околу 23 часот во нејзиниот дом дошол Љ.К.(29) од Скопје (пријател на нејзиниот сопруг) и се обидел да ја повреди неа и нејзината малолетна ќерка.

Љ.К. бил приведен во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирње на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

З.Л.(59) од Скопје вчера во 10.48 часот во СВР Скопје пријавил дека во 10.45 часот на бул.„Борис Трајковски“ поради недоразбирање бил физички нападнат од Ј.М.(61) и З.М.(32), двајцата од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ј.(70) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узрпација на недвижности“.

Во текот на 2013 и 2014 на бул.„Туристичка” пријавената, како инвеститор, без одобрение за градба изградила дел од заеднички простор во колективна станбена зграда, со намера да го заземе во владение. Од овластен градежен инспектор биле донесени решение за отстранување на градбата и заклучок за дозвола за извршување.

О.П.(53) од Скопје вчера во 15 часот во СВР Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“, по претходна расправија, била физички нападната од Г.Б.(41) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

В.Д.(41) од Скопје вчера околу 16 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 16 часот на автопатот Скопје – Куманово, во атар на скопското село Дељадровци, додека управувал патничко возило „БМВ“, настанал пожар во возилото.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Противпожарната единица од Скопје. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 16.45 часот  било пријавено дека во еден од тоалетите во црквата „Св.Јован Крстител“ во населба Бутел бил пронајден И. Д.(22) со повреди.

И.Д. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

З.Ѓ.(69) од скопското село Чучер Сандево вчера во 8.30 часот во СВР Скопје пријавил дека во периодот од 11 часот на 24 ноември 2019 до 9 часот на 25 ноември 2019 во црква „Света Троица“ во Чучер Сандево едно лице со употреба на сила влегло внатре и одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Љ.С.(64) од Велес вчера во 14.30 часот во Полициската станица Велес пријавил дека околу 10 часот на ул.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник на десната потколеница.

М.Г.(39) од Скопје вчера во 12.30 часот во СВР Скопј пријавил дека од дома заминала неговата ќерка М.Х.(16) која претходно повеќе пати го напуштала домот, а според пријавеното е заедно со нејзиното момче.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во СВР Скопје вчера во 19.20 часот било пријавено дека во продажен објект на ул.„Методија Митевски“ едно лице со закана од вработената го одзело дневниот промет. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

На 24 јуни 2019 од општински комунален инспектор на пријавениот, кој бил управител и сопственик на фирма од Охрид и без поседување одобрение за поставување урбана опрема маси и столови на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на општина Охрид, поставил урбана опрема, му бил изготвен записник за извршен надзор и било донесено решение за отстранување на урбаната опрема од пред угостителскиот објект.

Но, пријавениот не постапил по решението и тој продолжил да работи и да остварува нелегални приходи на државен имот.

Н.Н. (30) од Скопје ноќеска во 1.20 часот во СВР Скопје пријавила дека од Јавната установа за згрижување деца со нарушено поведение „Козле“ во Скопје се оддалечилa нивната штитеничка М.Е.(17), која и претходно во неколку наврати ја напуштала установата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. хс/ 

Back to top button
Close
Close