ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Во 12,00 часот денеска по преземени мерки од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршен е претрес во домот кај В.С. (37) од Гостивар при што се пронајдени околу 110 грама хероин хероин. Лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Во 12,00 часот денеска по преземени мерки од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршен е претрес во домот кај В.С. (37) од Гостивар при што се пронајдени околу 110 грама хероин хероин. Лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.02.2021 во времето од 09,00 до 15,00 часот од полициски службеници од Полициска станица Стење, во водите на Преспанското езеро на околу 150 метри од брегот на езерото, биле пронајдени 15 рибарски мержи со улов на 113 кгр.- крап. Пронајдениот риболовен алат и уловот се подигнати од местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 04.02.2021 година во 22.20 часот полициски службеници од Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода Б.Б. (21) од Радовиш за кого била распишана потерница за издржување затворска казна во траење од 14 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“. Во 23.30 часот лицето е спроведено во Затвор Струмица.

На 04.02.2021 во 20.30 часот во СВР Скопје, Т.П.(41) од Скопје пријавил дека околу 20,00 часот додека бил со негов познаник во угостителски објект на улица “Владимир Комаров” во Скопје, му пришла вработената Т.Т. и му кажала дека имала проблеми со Ф.И. По кратко време во локалот пристигнал Ф.И., кој се обидел физички да ја нападне Т.Т. но бил спречен во намерата, по што тој упатил закани кон Т.П. и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 04.02.2021 во Полициско одделение Групчин, А.Н.(28) од село Палатица, пријавил дека на   03.02.2021 настанал пожар во објект во село Палатица,  сопственост  на Ф.Р.(49) од село Желино, кој објектот го имал дадено под закуп на две лица од село Желино. Извршен е увид на местото на настанот при што констатирано е дека пожарот настанал во автомеханичарска работилница, а потоа се проширил и кон соседната работилница при што делумно е оштетен објектот и опремата за работа од двете работилници, а од пожарот делумно се оштетени  и четири патнички моторни возила, и тоа: „опел астра“, „џип гранд чироки“, „сеат леон“ и „мерцедес“. Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаар мерки за расчистување на случајот .

На 04.02.2021 околу 15,35 часот во СВР Скопје, А.А.(35) од село Арачиново, скопско, пријавил дека додека седел во неговиот двор со Ф.А.(31) од село Арачиново, со патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки поминале Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон А.А. и Ф.А., на што истите возвратиле. Повредени лица нема, а оштетено било возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.А.. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.02.2021 во Полициска станица Центар, од Јавна Установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, било пријавено дека од установата се оддалечил Ч.С.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 04.02.2021 година во времето од 06.00 до 14.00 часот при координирана акција помегу полициски службеници од Полициска станица Радовиш и вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница Радовиш на две локации, една на место викано „Еланица“ на планина Плачковица и на место викано „Градска река“ радовишко биле затекнати пет лица С.Ф. (40), Б.А. (30), Б.Б. (52), М.Ф.(40) и С.Б. (30) сите од Радовиш, кои превезувале бесправно исечени огревни дрва. По документирање на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Одделение за внатрешни работи Виница поднесе кривична пријава против Н.В. (27)  од Виница поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги “. На 15.04.2020 од страна на полициски службеници од ОВР Виница, при извршен претрес во дом и помошни простории, сопственост на В.С. биле пронајдени и одземени семки канабис, метилен-диоксиметамфетамен (МДМА) и марихуана.

На 04.02.2021 во 23,56 часот во СВР Скопје, Е.Ц.(18) и Џ.А.(40) двајцата од Скопје, пријавиле  дека додека се движеле по улица „Крсте Асенов“ во Скопје, едно лице со закана им одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.М.(20) од Делчево поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „фалсификување пари“. Во текот на октомври 2020 година С.М. обезбедил фалсификувана банкнота од 50 евра и на 25.10.2020 ја пуштил во оптек како вистинска во продавница во Делчево. На 26.10.2020 вработениот во продавницата во Делчево, извршил проверка на банкнотата, по што му ја вратил на С.М. и му кажал дека е фалсификувана. С.М.  истата банкнота на 29.10.2020 година, ја пуштил во оптек во продавница во Делчево со што се стекнал со имотна корист од 3.000 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Ч.(44), од с.Петралинци,струмичко поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија “. На 16.01.2021 во 13,40 часот, при извршена контрола од страна на полициски службеници во домот на Д.Ч, кој имал решение за здравствен надзор и домашна изолација поради контакт со заболено лице од Covid -19, истиот не бил затекнат во својот дом, со што го прекршил решението издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

На 04.02.2020 околу 22,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Марко Крале“ две лица со закана одзеле пари од А.Т.(62) и Т.В.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. оџ

Back to top button
Close
Close