ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 31.01.2021 во 21.00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар извршиле контрола на патничко возило „сеат алхамбра“, со бугарски национални ознаки, управувано од Н.С.(46) од Охрид.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА)На 31.01.2021 во 21.00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар извршиле контрола на патничко возило „сеат алхамбра“, со бугарски национални ознаки, управувано од Н.С.(46) од Охрид. При преглед, во возилото биле пронајдени и одземени 140 кутии со прехранбени продукти во вкупна тежина од 700 килограми, без соодветна документација. По консултација со Јавен обвинител, возачот и еден  сопатник во автомобилот биле приведени. За настанот биле информирани Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство. По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2021) спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол. Вкупно на територијата на целата држава се санкционирани 65 возачи, од кои највеќе на територија на СВР Битола -12 и СВР Велес и СВР Куманово по 10. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

На 31.01.2021 околу 19.30 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје  го лишиле од слобода М.С.(18) од с.Батинци, затоа што не поседувал документи за патничкото возило „форд“, со италијански национални ознаки. Исто така, од слобода биле лишени и С.Н.(28), А.Б.(38) и Н.Н.(26), сите од с.Батинци, затоа што се однесувале агресивно кон полициските службеници при приведувањето на М.С.. Тие биле приведени во Полициската станица Драчево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.01.2021 во 20.20 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(26) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.П.(58) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.С.(45) од Велес, вработен во фирма од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“. Ј.С. во текот на 2020 година изготвил пет повратници за вратени производи во производствен сектор, кои бил должен да ги завери со свој потпис и потпис за прием на работникот (примачот). Производите не ги вратил во производство и при проверка на документација од финансиски сектор на фирмата било утврдено дека ги нема на залиха во магацинот, со што ја оштетил фирмата за сума од 449.253 денари.

На 31.01.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(20) од Скопје, затоа што на ул.„Петар Делјан“ во Скопје бил затекнат при обид за обљуба врз 38-годишна жена од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.01.2021 околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во семејниот дом на ул.„Вера Циривири“ во Велес настанала физичка пресметка помеѓу И.Е.(59) и Е.Е.(56), браќа од Велес, при што И.Е. употребил дрвен предмет и му нанел повреди на Е.Е.. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.Т.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 26.01.2021, полициски службеници од СВР Велес извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш, амфетамин, мешавина од марихуана и тутун, дигитална вага и пари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(28) од с.Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „подведување и овозможување полови дејствија“ и против С.Т.(24) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „подведување и овозможување полови дејствија“ и ,,производство и дистрибуција на детска порнографија’’. В.Ѓ. во текот на летото 2019 добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот.

На 31.01.2021 во СВР Битола било пријавено дека ноќта на 30/31.01.2021 во магацин на фирма од Скопје, на ул.„Краварски пат“ во Битола, непознат сторител со употреба на сила влегол и одзел повеќе производи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 10.08.2020 во Охрид, при обид на полициски службеници да го легитимираат, пријавениот почнал да бега и фрлил таблети МДМА. Тој бил лишен од слобода, а таблетите биле пронајдени и одземени.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15.05.2020 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го забележале С.Ѓ.(36) од Охрид, кој од патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.И., земал пакување со хероин, кое при извршен преглед кај него било пронајдено од полициски службеници.

На 31.01.2021 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на подрачјето на Аеродром две лица со закана од вработениот одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.М.(46) од с.Сарај, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, пиротехнички средства и распрскувачки материи“. На 25.12.2020 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило ,,форд транзит“, сопственост на Ј.М., при што пронашле и одзеле разновидни пиротехнички средства.

На 31.01.2021 во 19.30 часот во Полициското одделение Шуто Oризари, У.Ф.(50) од Скопје пријавил дека Д.И.(12) се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 31.01.2021 околу 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„50  дивизија“ во Скопје едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.З.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27.01.2021, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и на возилото во кое се превезувал, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.Н.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 26.01.2021 во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеник. оџ/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close