ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен ДПЛ

Скопје, 10 април 2020 (МИА) - Вчера околу 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.Н.(34) од Гостивар, поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и И.М.(35) и С.Т.(36), исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“.

Скопје, 10 април 2020 (МИА)Вчера околу 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.Н.(34) од Гостивар, поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и И.М.(35) и С.Т.(36), исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“. На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници.Тројцатасе задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Во утринските часови на 10 април, околу 03.00 часот во СВР Куманово, М.Ј.(21) и А.А.(23), двајцата од Пакистан, пријавиле дека на 09.04.2020 околу 22.00 часот на пат од с.Лојане кон с.Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан, а потоа биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А.  со тврд предмет.М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот.

Вчера околу 18.30 часот, во непосредна близина на наплатната станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.Д.(40) од Гостивар, затоа што при негов и преглед на возилото „тојота авенсис“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана.По целосно расчистување и документирање на случајот против З.Д. ќе следува поднесок.

На 09 април во 14.36 часот во СВР Скопје, З.В. пријавил дека над црквата „Благовештение“ во с.Бањани,скопско, настанал пожар во кој била опожарена нискостеблеста шума.

На 09.04.2020 во 17.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Н.А.(43) од Скопје пријавил дека во 14.45 часот на ул.„Борис Сарафов“ во Скопје, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од непознато лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(35), М.Р.(38) и Е.З.(23), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 11.02.2020 околу 16.00 часот кај комплекс,,АСНОМ“  во Кочани, оштетениот Н.Р.(53) од Кочани, со патничко возило ,,цитроен“ пристигнал да го земе неговиот малолетен син, кој претходно му испратил порака дека бил нападнат од пријавените, по што истите физички го нападнале и оштетениот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Пријавениот, во текот на 2019, набавил парфеми со ознаки на заштитени трговски марки, а немал склучено договор со компанијата – сопственик на тие брендови, или со овластени правни лица – застапници на заштитените марки на територијата на Р.С.Македонија, при што нелегално набавените парфеми кои не биле оригинални, имал намера да ги продава на купувачи како да се оригинални, со што имал намера да се стекне со противправна имотна корист.

СВР Штип поднесе 16 кривични пријави против Д.Н.(50), Н.И.(22), Д.С.(41), Д.С.(30), Д.С.(30) сите петмина од Свети Николе, Б.М.(64) од Берово, Д.А.(65) од с.Мојанци,кочанско, Г.Н.(34), В.Ѓ.(58), двајцата од с.Грљани,виничко, С.Д.(21) од с.Разловци,делчевско, Т.А.(20), Р.Л.(26), Ј.Т.(27), Б.Н.(40), М.Т.(32), сите петмина од Штип и Т.М.(32) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените лица, во периодот од 25.03.2020 до 01.04.2020, не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close