ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Л.Д.(25) од Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Л.Д. злоупотребувајќи податоци од дебитна картичка сопственост на лице од село Блатец, виничко, во период од 06.01.2020 до 09.06.2020 неовластено извршил 29 плаќања од трансакциската сметка во вкупен износ од 17.921 денари.

Скопје, 25 декември 2020 (МИА) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница  поднесе кривична пријава против Л.Д.(25) од Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Л.Д. злоупотребувајќи  податоци од дебитна картичка сопственост на лице од село Блатец, виничко, во период од 06.01.2020 до 09.06.2020 неовластено  извршил 29  плаќања од трансакциската сметка во вкупен износ од 17.921 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава  против  К.Т.(56) од с.Јанковец,ресенско, поради постоење основано сомнение за сторено  кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.12.2020 во 16,30 часот, при вршење на контрола, спротивно на издадено решение од Државен санитарен и здравствен изнспекторат за домашна изолација, пријавениот од страна на полициските службеници не бил затекнат во својот дом.

Одделение за внатрешни работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.С.(39)  од  с.Мустафино,светиниколско поради постоење основано сомнение за сторено  кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.12.2020 во 12,40 часот, при извршена контрола од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Свети Николе, Н.С. не бил пронајден на домашна адреса која ја одредил за самоизолација во с.Мустафино, односно не постапил според Решение издадено за изолација.

На 24.12.2020 во Полициска станица Бит Пазар, У.Ш. (22) од село Студеничани, скопско пријавил дека околу 17.40 часот во угостителски објект на улица “Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје бил физички нападнат од страна на И.Џ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.12.2020 во Полициска станица Прилеп пријавено е дека во рудник за мермер во атар на село Беловодица , прилепско Р.Ј. (48) од Прилеп  се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи. Тој е пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

На 24.12.2020 во 11,00 часот во Полициско одделние Матејче, Р.С.(49) од с.Отља,кумановско, пријавил дека во близина на с.Отља, забележал рачен ракетен фрлач „зоља”. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени четири кривични дела „измама“. Б.А. на 22.01., 30.01., 21.02. и 19.02.2020 со телефонско јавување на неколку лица од кои еден сопственик на кафеана, вработен во гостилница и сопственик на фирма лажно преставувајќи се дека е претставник на фирма или како физичко лице им барал услуга за резервација на маса за 20 лица во кафената, исто така барал да извршат транспорт на починато лице од болница во Кичево, услуга за резервација на маса за 50 лица и огномет во гостилницата а исто така  и порачал 55 сончеви колектори од една од фирмите кои ги измамил. Во првите три случаи им побарувал парични средства кои оштетените  ги оставале кај непознати лица посочени од пријавениот, при што од оштетените биле земени парични средства во првиот и вториот  случај по 16.000 денари, во третиот случај 15.000 денари, додека во четвртиот случај непознато лице извршило транспорт на сончевите колектори чија материјална вредност изнесува 746.500 денари.

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Т.(20) од с.Неготино,гостиварско поради постоење основано сомнение за сторено  кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 05.12.2020 при контрола во врска со почитување на одлуките, мерките и протоколите на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширење на коронавирусот и заштита на јавното здравје со кое работното време на сите угостителски објекти се  ограничува до 21.00 часот, во 21,40 часот од страна на полициски службеници на Полициско оддление Галате и Полициска станица Гостивар во содејство со Државен пазарен инспекторат – Гостивар, во угостителски објект во атарот на с.Неготино, сопственост на С.Т. било констатирано дека истиот објект бил отворен и во него биле затекнати над 20 гости. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен, а С.Т. од страна на полициските службеници бил лишен од слобода и задржан во просториите на Одделение за внатрешни работи Гостивар.

На 24.12.2020 во 21.01 часот во СВР Скопје, Ф.А.(25) од Скопје, пријавил дека непознати лица пукале во правец на неговата куќа. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, при што констатирани се оштетувања на куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.Ц. (51) од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторено  кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На  20.12.2020 во 00,05 часот при извршена контрола од страна на полициски службеници при Полициска станица Дебар, во угостителски објект во Дебар, сопственост на И.Ц., биле затекнати пет лица во објектот.

На 24.12.2020 во 06.45 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(37) од с.Никиштани,скопско пријавил дека е опожарено неговото возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. сст/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close