Хроника

МВР Билтен (ДПЛ)

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(44) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против А.З. од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Скопје, 3 декември 2020 (МИА)СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(44) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против А.З. од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Во текот на 2020, првопријавениот во повеќе наврати без согласност, користел лични податоци од Д.Б.(36) од Призрен, Р.Косово, по што преку лажно прикажување на факти, измамил повеќе државјани од Р.Албанија. Тој се претставувал дека е татко на нивниот пријател Д.Б. и им кажувал дека неговиот син со сопругата и ќерката имале сообраќајна незгода на територијата на Р.С. Македонија и дека починале, поради што му биле потребни пари за да ги префрли телата во Косово. Финансиските средства му биле испраќани преку брз трансфер на пари на име на А.З. и на тој начин Р.М. се стекнал со вкупна имотна корист во износ од 1.510 евра. Второпријавениот, и покрај тоа што знаел дека првопријавениот врши „измама“, му помогнал во извршување, ставајќи ги на располагање личните податоци и финансиските средства.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Н.(38) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.07.2020 на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“, во кое како сопатник се превезувал Н.Н., кој претходно од прозорецот на возилото фрлил пакување со хероин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Б.(34) од с.Теранци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.07.2020 во с.Теранци, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле рамка за автоматска пушка „калашников АК-47“ со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми маневарска муниција со калибар 7,62х 39 мм, кои неовластено ги набавил и држел кај себе.

На 02.12.2020 во 14.50 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во просторијата во Затворот била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.12.2020 во 00.20 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ж.(24) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.12.2020 во 16.11 часот во СВР Велес, 50-годишна кавадарчанка, пријавила дека во 13.50 часот во домот во Градско дошол нејзиниот сопруг Г.З.(50), со кого е во бракоразводна постапка, и го одзел нивниот малолетен син. Според пријавеното, родителите на В.З. се обиделе да го спречат, но тој ги удрил со вратата од возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2020 во 20.45 часот во СВР Скопје, И.А.(55) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот во трговски центар на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Г.Б. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 02.12.2020 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во помошен објект од куќата на Б.Т.(77) на ул.„Кичевска“ во Скопје. Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 02.12.2020 во 10.17 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од огнено оружје бил донесен Ј.К.(35) од с.Канино, битолско. Полициски службеници извршиле разговор со Д.С.(36) од с. Бистрица и Р.Ј.(55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09.30 часот, при лов во атарот на с.Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.12.2020 во 01.55 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека нивна екипа била физички нападната на ул.„Втора македонска бригада“. Според пријавеното, нивната екипа отишла на местото на повик во врска со лице во бессознание, па додека му била укажувана помош, лицето се освестило и физички го нападнало лекарот А.Ф.. Полициски службеници излегле на местото и го обезбедиле С.Л.(57) од Скопје, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 08.06.2020, при преглед извршен во неговото возило „даеву тико“, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.

На 02.12.2020 во 08.00 часот во СВР Скопје, од Затвор Скопје било пријавeнo дека во затворот починал осуденикот Б.М.(41) од Ресен, кој издржувал казна затвор. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.К.(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“. При преглед извршен на 25.02.2020, полициските службеници кај него пронашле и одзеле хероин и марихуана.

На 02.12.2020 во 18.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на бул.„АСНОМ“ две лица со закана од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.И.(52) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 15.09.2020 пред банка во Куманово, пријавениот агресивно се однесувал и турнал вработен во агенција за обезбедување, кој одржувал ред пред банката.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(73) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола, извршена на 11.11.2020, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се придржува до пропишаните мерки за заштита од ковид-19, како и до решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за задолжителна изолација. оџ/

Back to top button
Close
Close