ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 31.03.2020 во 05:00 часот во Полициско одделение Велешта, Е.К.(63) од с.Велешта, струшко, пријавил дека настанал пожар во неговата куќа во с.Велешта, при што бил опожарен дел од покривната конструкција на куќата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – На 31.03.2020 во 05:00 часот во Полициско одделение Велешта, Е.К.(63) од с.Велешта, струшко, пријавил дека настанал пожар во неговата куќа во с.Велешта, при што бил опожарен дел од покривната конструкција на куќата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга.

На 31.03.2020 во 16:00 часот во СВР Скопје, М.А.(18) од Скопје, пријавил дека околу 13.15 часот пред продажен објект на крстосницата помеѓу ул.„Цветан Димов“ и ул.„Џон Кенеди“, бил нападнат со употреба на нож од Ф.Б. и И.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.03.2020 година во 20:20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, при извршен преглед врз А.М.(23) од Охрид, пронајдени се и одземени три најлонски ќесички со кокаин. Дополнително, по извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се кокаин и марихуана, подготвени за натамошна продажба. А.М. е приведен и лишен од слобода, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

На 31.03.2020 во 15:00 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17). Таа и претходно во неколку наврати се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(47) од с.Норча, Прешево, Р.Србија и уште две непознати лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 07.01.2020 пријавениот, заедно со уште две непознати лица, влегле во туристичка агенција во Тетово, а едното од нив со закана со пиштол од вработениот А.З.(29) од Тетово одзело чанта со пари во вредност од околу 55.000 евра и примероци од продадени автобуски карти.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(72) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“. На 20.01.2020 од вработени во ЕВН Македонија кај пријавената било констатирано неовластено користење на електрична енергија, така што потрошувачот самоволно извршил приклучување во мрежа на електричен кабел пред мерење на електрично броило, со што се вршело неовластено користење и мерење на електрична енергија. Поради неплатен долг за потрошена енергија во висина од 580.000 денари кај пријавената, на 16.01.2019 од ЕВН било исклучено и дислоцирано електричното броило, а потоа за повторно да ја користи електричната енергија, приклучен бил кабел за напојување со електрична енергија кај потрошувачот Н.Ф. и заеднички користеле енергија без да се мери потрошувачката, со што е причинета материјална штета во износ од 12.724 денари на штета на ЕВН Македонија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.03.2020 на пат во нас.„Езерски лозја“, Струга пријавениот, поради нерасчистен паричен долг, физички го нападнал оштетениот Е.Р.(32) од Струга, а потоа со возило удрил во него, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против П.Ќ.(51) од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „одземање или уништување службен печат или спис“. На 11.03.2020 пријавениот, заедно со друго непознато лице, насилно влегле во канцеларијата на Е.Б. (32) од с.Велешта, во Општина Струга, каде пребарувале и уништиле службени материјали. Кога оштетената ги затекнала во канцеларијата, пријавениот и другото лице ѝ упатиле закани по животот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Х.(30) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 12.02.2020 пријавениот, поради сомнеж дека му украл електронски уред, заклучил 16-годишник од Тетово во собата од својата куќа, против негова волја, и физички го нападнал.

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Б.(57) од с.Градешница, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020 во 17:00 часот на ул.„Столарска“ во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Т.(19) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 30.03.2020 во 00:20 часот пред продажен објект на ул.„Македонска Фаланга“ во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Б.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 17:30 часот на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ѓ.М.(29) од Кавадарци и Б.Ј.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 22:15 часот, полициски службеници ги затекнале пријавените наспроти бензинска пумпа, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(27) и А.Н.(26) двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 16:25 часот на ул.„Диме Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници ги затекнале пријавените, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35) од Прилеп и П.А. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020 во 16:30 часот на крстосницата помеѓу улиците „Диме Илиевски Мурато“ и „Широк сокак“ во Битола, полициски службеници ги затекнале пријавените, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ѓ.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020 во 16:30 часот ул.„Македонска Фаланга“ во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.В.(31), К.К.(37) и А.К.(61), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 16:20 часот, во Д.Оризари во Битола, полициски службеници ги затекнале пријавените, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С.(48) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 16:10 часот на ул.„АСНОМ“ во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ж.С.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 19:55 часот на ул.„8 Септември“ во с.Долно Оризари, битолско, полициски службеници го затекнале пријавениот, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(33) и С.Џ.(23) двајцата од с.Канатларци, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020 во 16:30 часот во с.Будаково, полициски службеници ги затекнале пријавените, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(36) од Охрид, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.03.2020 година во 10:50 часот на ул.„Сатеска“ во Охрид, при извршена контрола во домот на пријавената, од страна на полициски службеници било констатирано дека таа не ги почитувала мерките за задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close