0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен (ДПЛ)

По претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево.

Скопје, 21 септември 2020 (МИА) – По претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства, малокалибарска муниција и др. По документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 00:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Радовиш, на крстосница за с.Василево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(18) од село Василево, патничко возило „бмв“, со англиски национални ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Ангелци и паркирана полуприколка без регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“, Д.Ѓ.(20) и Г.Д.(19), двајцата од с.Василево, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа на Полицискат станица Струмица.ело

Ноќеска околу 1 часот по полноќ на улицата „Никола Тесла“ во Битола од слобода биле лишени Ф.Ј.(35) и Н. Ј.(55), двајцата од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19 септември 2020 околу 22:30 часот во село Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од село Арачиново, затоа што околу 20:30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје, Д.П. од Скопје пријавил дека околу 14:20 часот, додека бил на своето работно место како лекар на Оддел за токсикологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од С.И.(32) од Скопје. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и лицето е пронајдено и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13 часот во СВР Скопје, К.М.(38) од Скопје пријавила дека околу 11 часот, додека се движела на патот кон Средно Водно, на крстосницата за Сончев Град со патничко моторно возило „спарк“ удрила во куче и застанала со возилото, по што две лица почнале да и упатуваат навреди и закани, а едно од лицата почнало да фрла со тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчераа во 21 часот во СВР Скопје, И.К.(43) од Скопје пријавил дека во нас.„Пинтија“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Вчера во 3:20 часот во СВР Скопје, Т.И.(26) од село Тарино, штипско, пријавил дека околу 3 часот на ул.„9“ во нас.„Илинден“ во Скопје бил физички нападнат од М.М., Б.К. и К.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„100“ во с.Волково, скопско, по претходна расправија помеѓу неговото дете и детето на Љ.Ѓ., неговиот 13 – годишен син бил физички нападнат од Љ.Ѓ(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На Вчера околу 23 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.Х.(39) од Скопје пријавил дека околу 22 часот на ул.„Гвадалахара“, во нас.„Шуто Оризари“ во Скопје, неговиот 17-годишен син, бил физички нападнат од Л.И.(21) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Вчера во 17:20 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Н.(86) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека во с.Долно Лисиче, во близина на место викано „Орешка“, бил каснат од куче скитник.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ поднесе кривична пријава против А.Љ.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.09.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две празни рамки за пиштол, рамка за пиштол со пет куршуми од 9 мм, маневарски куршум за автоматска пушка, балистички елек со заштитна плоча, гумена палка и др.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(61) и Л.А.(59), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 22.08.2005 до 19.09.2018, тие утврдиле и определиле за плаќање данок на имот кај 27.905 физички и 238 правни лица и комунална такса по основ на фирмарина кај 4.810 правни лица на подрачјето на Општина Куманово, а доспеаните износи не биле уплатени во законски предвидениот рок. Пријавените, иако биле должни, не постапиле согласно одредбите од Законот за данок на имот и не спровеле постапка за присилна наплата, туку со неизвршување на својата службена должност и овластување дозволиле да поминат пет години од денот на доспевањето на даночните обврски, тие да застарат и да бидат отпишани како застарени и ненаплатени, со што нанеле штета на буџетот на Општина Куманово, по сите три основи во вкупен износ од 42.898.437 денари. бк/

Back to top button
Close
Close