0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен (ДПЛ)

Во СВР Скопје вчера во 8:30, И.Х.(60) од с.Љубин, скопско, вработен во аптека на ул.„Борис Сарафов“ пријавил дека во аптеката била извршена тешка кражба.

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Во СВР Скопје вчера во 8:30,  И.Х.(60) од с.Љубин, скопско, вработен во аптека на ул.„Борис Сарафов“ пријавил дека во аптеката била извршена тешка кражба. Од увидна екипа од СВР Скопје е извршен увид, при што е констатирано дека во периодот од 19 часот на 27 март до 8 часот вчера, непознато лице насилно влегло во аптеката и одземало производи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на пазар Буњаковец на бул.„Партизански одреди“ настанал пожар, при што биле опожарени контејнери, сопственост на ЈП Комунална хигиена Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожараната единица од Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера  околу 12 часот во СВР Тетово, Б.А. пријавил дека околу 11.30 часот во Арабати Баба теќе во Тетово, две непознати лица насилно влегле во објектот и одзеле разни предмети. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Добри дол, скопско, настанал пожар на селските лозја. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и било констатирано дека пожарот се самоизгаснал.

Вчера во 14 часот во СВР Скопје, Ф.С. пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син Е.А.(14) од Скопје, за кој, според пријавеното, претпоставува дека се наоѓа во Шуто Оризари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 20:35 часот во СВР Струмица, Џ.М.(40) од с.Баница, струмичко, пријавила дека околу 19.30 часот, додека била во куќа во с.Баница, сопственост на Т.М. со кого живеела вонбрачно, дошол неговиот брат Д.М., кој со закана со тврд предмет се обидел да изврши обљуба врз нејзе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close