ХроникаХроника.Портал

МВР-билтен (ДПЛ)

На 11.09.2020 во 17:30 часот во с.Страјане од полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода И.Б.(67) од с.Страјане поради постоење основи на сомнение дека ја убил својата сопруга Џ.И. (60) на 10.09.2020 во семејната куќа во Гостивар.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – На 11.09.2020 во 17:30 часот во с.Страјане од полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода И.Б.(67) од с.Страјане поради постоење основи на сомнение дека ја убил својата сопруга Џ.И. (60) на 10.09.2020 во семејната куќа во Гостивар.

На 11.09.2020 во 18:40 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле А.М.(43) од с.Здуње, Гостиварско затоа што агресивно се однесувал кон полициските службеници. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 11.09.2020 во 08:00 часот било пријавено дека на ул.„Кочанска“ Н.Б.(68) бил физички нападнат од С.Ц.(80) двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 12.09.2020 во 03:10 часот во Полициската станица Прилеп С.М.(28) од с.Тополчани пријавил дека истиот ден околу 02:45 часот пред казино лоцирано во катна гаража во Прилеп бил физички нападнат од З.Е., кој што бил обезбедување во објектот. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.09.2020 во 16:20 часот било пријавено дека 13-годишник од Прилеп заедно со уште двајца другари додека со велосипеди се возеле на место викано Топташ, изгубил контрола над велосипедот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од Полициската станица Прилеп.

На 11.09.2020 во 04:00 часот С.А.(37) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 03:00 часот пред угостителски објект во Глишиќ-Кавадарци бил физички нападнат од Џ.Д. и И.М. при што му го оштетиле и неговото возило. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.09.2020 во 15:30 часот во Полициската станица Карпош Ј.Д.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Скупи 1“ бил каснат од куче скитник.

На 11.09.2020 во 11:00 часот во Полициското одделение Камењане, Ј.И.(39) од с.Мала Речица, Тетовско пријавил дека неговиот брат И.И. бил повикан во објектот на општината Боговиње каде градоначалникот А.Џ. му упатил закани. Во врска со истиот случај по телефон на И.И. му се јавил и полицискиот службеник К.А. и му упатил закани. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/

Back to top button
Close
Close