0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 09.09.2020 околу 22.55 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.В.(20) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.В. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – На 09.09.2020 околу 22.55 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.В.(20) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.В. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 09.09.2020 околу 20.00 часот во гостиварско Здуње, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ј.Р.(24) и Е.Б.(32) од ова село, Ф.А.(19) од гостиварско Врапчиште и Ј.З.(20) од гостиварска Горна Бањица зашто при нивен и преглед на возило била пронајдена марихуана, дигитална вага и две дробилки. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.09.2020 во 11.26 часот во СВР Штип, вработен од Казнено поправниот дом „Затвор Штип“ пријавил дека при контрола во една од просториите пронашле прашкаста материја. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.09.2020 во 6:50 часот В.И.(33) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека во спалната соба од семејната куќа ја пронашол усмртена неговата мајка Џ.И.(60). Осомничен дека го извршил убиството е Б.И.(67) сопруг на Џ.И. и татко на пријавителот, кој со остaр предмети ja усмртил. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2020 околу 16.45 часот во гостиварско Ростуше од слобода бил лишен 32-годишниот Ј.С. од Скопје, осуден на година и пол затворска казна за извршена „тешка кражба“. Ј.С. бил споведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

На 09.09.2020 во 12.45 часот од страна на полициски службеници, а по распишана потерница од Основен суд Штип, бил приведен С.С.(27) и спроведен во Затвор Струмица.

На 09.09.2020 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино во Градски трговски центар на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ѓ.(41) од Скопје и Д.М.(27) од с.Инџиково, скопско, од една страна и Р.С.(40) од с.Сарај,скопско, и уште неколку лица од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје, С.М.(64) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во барака на општина Кисела Вода бил физички нападнат од Д.К.(52) од Скопје, вработена како обезбедување. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 09.09.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, Љ.С.(57) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот во угостителски објект на ул.„Маџари“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2020 во 11.20 часот во СВР Скопје, Т.Д.(61) од Скопје пријавил дека околу 07.15 часот на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил удрен со тврд предмет од С.И. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2020 околу 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на плоштад „Филип 2“ во Скопје, настанал пожар на првиот кат од зградата кој се проширил и на горните катови, при што канцелариите на првиот кат биле целосно опожарени. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Нема повредени лица, а увид се врши во текот на денешниот ден.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.И.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 03.09.2020 на ул.„Љуботенска“ во Тетово, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој преземал мерки по претходна пријава за сторено кривично дело „кражба“.

На 08.09.2020 во 03,30 часот, при вршење редовна служба на автопатот во близина на патарина Градско, полициски службеници во правец кон Велес забележале патничко возило „ауди“ кое нагло ја зголемило брзината. Набргу потоа, возилото запрело на крајната десна коловозна лента на автопатот на неколку километри од Велес, во близина на место викано „Штипска петља“. Возачот веднаш побегнал, а во возилото имало пет мигранти и тоа тројца од Пакистан, еден од Индија и еден од Сирија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ц.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој, на 08.08.2020 во казино на улица „Абас Емин“ во Охрид физички ги нападнал К.М.(20) и неговиот брат Н.М.(25), двајцата од Охрид, по што меѓу нив настанала физичка пресметка. нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close