0_Македонија.ПорталГраѓански секторХроникаХроника.Портал

МВР Билтен ДПЛ

На 9 септември 2020 во 09,30 часот било пријавено дека на ул.“Пушкинова“ каде на зграда се изведуваат градежни работи, М.М.(37) од с.Сарај-скопско пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА)На 9 септември 2020 во 09,30 часот било пријавено дека на ул.“Пушкинова“ каде на зграда се изведуваат градежни работи, М.М.(37) од с.Сарај-скопско пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 8 септември 2020 во 18.30 часот и во 22.00 часот, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Р.(48) од с.Речане, гостиварско и А.С.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско поради постоење основано сомнение дека во текот на 2020 година извршиле повеќе кражби и тешки кражби во чегранско-равенскиот регион, најмногу во куќи. Против осомничените ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 8 септември 2020 во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 22 прекршоци од нив: шест возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 16 во населено место. Преземени се 22 мерки за горенаведените прекршоци. Санкционирани се и 26 останати прекршоци.

На 7 септември 2020 околу 03.30 часот на крастосница на ул.„Борис Трајковски“, „Христо Татарчев“ и „Кумановска“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Д.(23) и мопед „априлија“ со велешки регистарски ознаки, управуван од седумнаесетгодишник, при што, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен во болницата во Велес. Увид на местото на настанот бил извршен од СВР Велес.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје и С.Ќ.(32) од Чучер – Сандево, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“. Првопријавениот, во текот на февруари 2020, со лажно претставување го довел во заблуда оштетениот Д.А. кој е сопственик и управител на агенција за обезбедување и сопственик на такси компанијата така што преку телефонски повик се договорил со Д.А., да му обезбеди наводно физичко обезбедување и такси превоз за две лица кои ќе патуваат до хотел во Струга, како и такси превоз за пренесување на видео бим до наведеното место за паричен износ од вкупно 11.500 денари. При тоа првопријавениот, побарал од Д.А. дополнително преку возачот на неговата такси компанија да му позајми и испрати уште 19.000 денари, за да ги плати трошоците за видео бимот, за што Д.А. се согласил и преку такси возач М.Ќ. на 12 февруари 2020 во Скопје, му ја дал бараната сума на пари на второпријавениот.

Откако второпријавениот, ги зел парите и заминал, на телефонскиот број на Д.А. му пристигнала порака од првопријавениот дека патувањето до Струга било одложено. Имено, првопријавениот на 12 февруари 2020 со лажно претставување ги довел во заблуда и лице сопственик на угостителски објект во с.Врапчиште,гостиварско, како и Д.М., декоратор на забави. Првопријавениот, лажно договорил прослава во наведениот угостителски објект додека пак со Д.М. договорил истата да му испрати огномети до угостителскиот објект и да ја декорира забавата, со што пријавените се стекнале со противправно имотна корист во износ од 166.415 денари.

На 9 септември 2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, Џ.Е.(23) од Скопје пријавил дека на 8 септември 2020 околу 21.15 часот додека бил во својот дом заедно со С.Е., А.Е., А.Е. и С.М., дошле неговите братучеди и физички ги нападнале и оштетиле инвентар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На  8 септември 2020 околу 00,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека кај угостителски објект на ул.„Цар Самоил“ малолетничка од Штип била малтретирана од вонбрачен сопруг В.Ј(21) од Прилеп. Извршен е разговор со мајката на малолетничката, која потврдила дека нејзината ќерка вонбрачно живеела со В.Ј., и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На  8 септември 2020 околу 18 часот бил лишен од слобода С.К. (24) од с. Миравци на место викано „Лгот“, во атар на с.Миравци,гевгелиско. Кај него е пронајдена торба во која имало канабис, а во насадот биле пронајдени уште пет стебла од растението „Cannabis Sativa“ кои пријавениот ги имал засадено. По издадена судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот. С.К. бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 8 септември 2020 околу 17.00 часот во Полициско одделение Велешта, А.Д.(58) од с.Лабуништа,струшко пријавил дека на место викано „Долна Краста“ во атар на с.Лабуништа сопственост на М.С.(54) и И.Н.(54) двајцата од с.Лабуништа, настанал пожар, при што биле опожарени стрниште со трева и трње. Пожарот е изгаснат од месното население.Нема повредени лица.

На 8 септември  2020 во 13,30 часот СВР Охрид, В.Ш.(58) од с.Поум,струшко пријавил дека на селските гробишта во с.Поум настанал пожар, при што биле опожарени стрништа со сува трева и трње. Пожарот е изгаснат од жители на селото.

На 8 септември 2020 во 21,30 часот во СВР Битола, Н.Ј.(56) од Битола пријавила дека нејзината снаа Ф.Ј.(30), се оддалечила од семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 9 септември 2020 година во 01,00 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека во с.Крилатица настанал пожар во патничко моторно возило “фолксваген лупо“ со бугарски национални ознаки, сопственост на Ч.К. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Кратово. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.

На 8 септември 2020 во 22,30 часот полициски службеници од СВР Скопје на Плоштад „Скендер Бег“ ги лишиле од слобода С.И.(22), К.П.(20), Ф.И.(22) и Џ.Б.(25) сите од Скопје зато што по извршен преглед била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 8 септември 2020 во 17,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Никола Карев“ лишиле од слобода 17 годишник од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 8 септември 2020 во 20,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.Методија Митевски ги лишиле од слобода А.С.(44) и М.Л.Б.(49) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 9 септември 2020 во 09,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Александар Македонски“ на влез во Скопје, товарно моторно возило “фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.К.(32) од с.Батинци-скопско удрило во пешак А.Т.(76). Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 8 септември 2020 во 20,19 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид на ул.“Момчило Јордановски“ во неговиот дом бил пронајден починат Т.Ѓ.(82) од Охрид. Од лекар на Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

На 9 септември 2020 во 02,40 часот Д.Ј.(48) од Скопје пријавил дека на истиот ден околу 02,30 часот на бул.“Јане Сандански“ по претходна расправија бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 8 септември 2020 во 12,00 часот во Полициската станица Бит Пазар М.Ќ.(39) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.Ќ.(16). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 9 септември 2020 околу 04,00 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека на ул.„Климетица“ настанал пожар во товарно моторно возило “цитроен Ц-3“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на фирма од с.Мислешево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

На 8 септември 2020 во 22,35 часот во Полициската станица Аеродром З.Т.(37) од Скопје, пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

На 9 септември 2020 околу 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Мирче Ацев“ две лица со закана од вработениот одзеле пари од прометот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се презмаат мерки за расчистување на случајот.

На 8 септември 2020 околу 19.40 часот во близина на училиште на ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.П.(19), Н.О.(21) и 17 годишник, тројцата од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето. Тие се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. миа/миа

Back to top button
Close
Close