ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Утрово во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за с.Селце, прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобила С.А.(21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Скопје, 6 септември 2020 (МИА) – Утрово во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за с.Селце, прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобила С.А.(21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.

На 05.09.2020 во 19,57  часот во СВР Скопје, А.Б.(44) од с.Љуботен пријавил дека околу 17.55 часот на ул.„Радишанска“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица, кои му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2020 околу 04.00 часот на магистралeн пат Радовиш-Штип, во близина на клучка за Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило уште околу еден километар. Потоа возачот го запрел возилото и го напуштил местото на настанот. При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти (11 од Пакистан, 9 од Авганистан, 7 од Сирија, 5 од Бангладеш, 2 од Иран и по еден од Ирак и Турција).Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

На 06.09.2020 во 00.00 часот на ул.„Борка Талески“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода К.П.(22) од Скопје бидејќи физички нападнала полициски службеник при постапување по претходна пријава од Б.Ј.(26) од Скопје, кој пријавил дека на 05.09.2020 околу 23.30 часот на раскрсница помеѓу ул.20-ти Октомври и ул.Борка Талевски, додека бил заедно со С.Ј.(19) и Б.Ј.(26), двајцата од Скопје, бил физички нападнат од К.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2020 во 15,00 часот во Полициска станица Карпош, В.К.(53) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот татко К.К.(83) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 05.09.2020 во 08,40 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат“, сопственост на МВР, управувано од И.Д.(47) од Скопје и товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со  скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н(29) од Скопје. Во незгодата И.Д. се здобил со повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 05.09.2020 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.В.(45) од Скопје пријавил дека во 20.00 часот на ул.Женевска неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.М.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2020 во 22.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(20) од с.Трубарево,скопско пријавил дека околу 21.30 часот на ул.11  во с.Трубарево по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот од една страна и С.С.(18) и малолетник,  двајцата од  с.Трубарево од друга страна. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 ЗППЈРМ.

На 04.09.2020 во 18.05 часот во СВР Битола, Ј.М.(55) и С.М.(26) и двајцата од Битола пријавиле дека околу 13.50 часот пред продавница на ул.Караорман во Битола по претходно недоразбирање биле физички нападнати од Р.Б.(56), С.Н.(43) и Ѓ.Р.(21) сите од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2020 во 09.10 часот во СВР Струмица, Н.А.(40) од с.Баница,струмичко пријавил дека околу 08,30 часот во с.Баница поради нерасчистени имотно правни работи бил физички нападнат од неговиот брат П.Н. и внук Д.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2020 во 02.45 часот во СВР Тетово, Б.А.(45) од с.Нераште пријавил дека додека бил на своето работно место како чувар во фабрика во Тетово бил физички нападнат од неколку лица, од кои дел познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2020 во 01.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 01.15 часот пред пекара на ул.Благој Тоска малолетник од с.Теарце бил физички нападнат од Д.Н. и други  лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2020 во 12.10 часот било пријавено дека на ул.„Маркс и Енгелс“ во Струга се  случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со  струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(64) од Струга, патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(29) од с.Радолишта,струшко, и патничко моторно возило „шкода јети“ со полициски регистарски ознаки управувано од полициски службеник. Во незгодата со повреди се здобиле Љ.А., А.Ф. и полицискиот службеник, кои биле пренесени во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. ир

 

Back to top button
Close
Close