ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Р.А.(47) од с.Арматуш вчера пријавил во Полициското одделение Новаци дека во дворно место во с.Арматуш пронашол бомба од Првата светска војна.

Скопје, 3 септември 2020 (МИА) – Р.А.(47) од с.Арматуш вчера пријавил во Полициското одделение Новаци дека во дворно место во с.Арматуш пронашол бомба од Првата светска војна. Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(45) од Тетово пријавила дека околу 13.00 часот пред паркинг на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во 11.40 часот Д.К.(42) од с.Волково, скопско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат А.К.(27). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(41) и Л.С.(38), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.07.2020 пријавените агресивно се однесувале кон вработен како обезбедување на бензинска пумпа во Куманово, а првопријавениот и физички го нападнал.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против З.Н.(37) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 27.07.2020 на Граничен премин Делчево, пријавениот физички нападнал полициски службеници и навредувал и омаловажувал царински службеник кои извршувале службени задачи.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(25), А.Н.(26), двајцата од Тетово и Х.Е.(26) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.07.2020 година на ул.„114“ во Тетово пријавените физички го нападнале А.Б.(28) од Тетово, при што еден од нив го удрил и со тврд предмет.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.П.(49) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 30.08.2020 на ул.„ЈНА“ во Гостивар, пријавениот го навредувал Љ.М.(50) од с.Здуње, гостиварско, а се обидел да го повреди со нож.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ц.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 08.08.2020 пред казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, пријавениот и уште неколку лица физички ги нападнале К.М.(20) и Н.М.(25), двајцата од Охрид.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против К.И.(25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.01.2020 на ул.„11-ти Октомври“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.К.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.02.2020 на ул.„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, полициски службеници извршиле преглед врз Љ.Б. од Струмица и кај него пронашле кокаин, кој според неговиот исказ го купил од пријавениот С.К..

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Г.С.(45) од Петрич, Р.Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На 24.08.2020 на магистралниот пат Струмица – Ново Село, поточно кај с.Сушица, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „волво“ со бугарска регистарска ознака и цистерна за цемент, управувани од пријавениот, при што во предниот дел од цистерната биле пронајдени 200 штеки цигари без контролна маркица.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј. (52) од Куманово, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 11.04.2020 година, во Куманово, пријавената, откако била пуштена од државен карантин, потпишала изјава за спроведување на задолжителна самоизолација  во времетраење од 14 дена. При извршена проверка од страна на полициските службеници, било констатирано дека пријавената не била пронајдена дома. ир

Back to top button
Close
Close