0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На регионалниот пат Кичево-Македонски Брод ноќеска во 3 часот по полноќ полициски службеници сопреле патничко возило „поло“ со кичевски таблички во кое пронашле буково огревно дрво без соодветна документација.

Скопје, 23 август 2020 (МИА) – На регионалниот пат Кичево-Македонски Брод ноќеска во 3 часот по полноќ полициски службеници сопреле патничко возило „поло“ со кичевски таблички во кое пронашле буково огревно дрво без соодветна документација.

Возилото било управувано од С.С.(19) од Кичево. Известена е Шумската полиција, а возилото и огревното дрво се одземени. ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

Ноќеска во 01:40 часот полициски службеници од Кочани го лишиле од слобода С.Ф.(43) бидејќи кај него биле пронајдени 33 банкноти од 100 евра, со ист сериски број и други шест банкноти од 100 евра, со ист сериски број.

Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Д.Е.(32) од с.Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 27.12.2019 во с.Зајас, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Ј.(29) од Велес, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 15.11.2019 на ул.„Ангел Мишев“ во Велес, полициски службеници забележале дека Т.Ј. му дал ќесе со марихуана на М.Х.П.. Веднаш потоа, ги запреле двајцата и при преглед кај М.Х.П. била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 15.35 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(21) од Скопје пријавил дека околу 11.45 часот на бул.„АСНОМ“ бил нападнат со тврд предмет од К.Н. и уште едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во полициската станица Гази Баба вчера во 20:50 часот било пријавено дека во с.Инџиково, скопско, настанал пожар во нива со пченица.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

Вчера во 22:45 часот во Полициската станица Прилеп, П.К.(40) од Прилеп пријавил дека околу 21.20 часот, на патот кон вештачкото езеро „Прилеп“, бил физички нападнат од две лица.

Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Тетово, три жени од тетовско село пријавиле дека Ф.А.(43) од нивното село извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, на 22.08.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.А., при што пронашле и одзеле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал.9мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои постои сомение дека можат да помогнат во истрагата. Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера околу 07:30 часот во Полициското одделение Петровец, И.П.(55) од с.Петровец пријавил дека од домот во с.Петровец се оддалечил неговиот татко С.П.(84).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во полициската станица во Тетово вчера во 18:10 часот, Х.А.(39) од с.Ратае, општина Јегуновце, пријавил дека пред спортски центар во Тетово му било одземено неговотo патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, кое го оставил незаклучено.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера околу 20:55 часот било пријавено дека во својот дом на  ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје бил пронајден починат В.Ч.(51).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close