ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.А.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Скопје, 21 август 2020 (МИА)СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.А.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 18 август 2020, при претрес во домот и помошните простории и во неговиот патнички автомобил „цитроен берлинго“, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и масло од растението канабис. На Џ.А. му е одредена мерка притвор.

На 20 август 2020 околу 21.30 часот во гостиварско Орќуше, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода У.Џ.(39) од ова село, на негов имот биле пронајдени огревни дрва за кои не ја поседувал потребната документација.

Претходно, огревни дрва без документи за нивно пренесување му биле пронајдени и во неговото возило „рено кангу“, со гостиварски регистарски ознаки, кое полициските службеници го запреле на влезот во Гостивар, во близина на Здуњската крстосница. Возилото и дрвата со потврда се одземени, a У.Џ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.З.(58) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 24 март 2020 на улица „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над него, при што пронашле и одзеле семки од од растението канабис, додека при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени 43 куршуми и семки од канабис.

На 20 август 2020 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18 часот, додека се истоварал смет во депонијата, која се наоѓа на излез од село Арачиново, на регионалниот пат Скопје – Куманово, во сметот биле забележани предмети кои личат на експлозивни средства.

На местото на настанот излегле полициски службеници и од депонијата се подигнати 11 рачни бомби без запалки. Се работи на расчистување на случајот.

На 20 август 2020 во 15.40 часот во СВР Скопје, А.А.(57) од Скопје пријавил дека околу 15.25 часот во автобус бр.35 на ЈСП, на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“, бил истуркан од автобусот и физички нападнат од едно лице кое се претставило дека е контролор во ЈСП.

Се работи на расчистување на случајот.

На 20 август 2020 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Питу Гули“, по семејна расправија, Б.П. со остар предмет го повредила И.П..

Според пријавеното, претходно И.П. физички ја нападнал Б.П., по што таа му нанела убодна рана. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20 август 2020 во 14.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„146“ во Тетово, сопственост на Е.Р.(65) од тетовско Доброште.

Повредени лица нема, а опожаренa била дрвената конструкција на покривот. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица и граѓаните пожарот бил локализиран. Извршен бил увид.

На 20 август 2020 во 15.10 часот во СВР Битола, З.П.(51) од Битола пријавил дека околу 14.45 часот, на ул.„Партизанска“, И.А. од Битола со остар предмет му се заканувал и му упатувал навредливи зборови.

Според пријавеното, причина се нарушени меѓучовечки односи од порано. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20 август 2020 во СВР Битола било пријавено дека во 7.10 часот во рудникот „Суводол“ – ЕТЈ Траса „РЕК Битола“, бил пронајден починат В.К.(60) од село Стругово, Демирхисарско, кој бил вработен како машинист.

Според пријавеното, тој бил потиснат од работна машина. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 20 август 2020 околу 4.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Браќа Даневи“ во Штип настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Б. од Штип.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

На 20 август 2020 околу 9.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А.М.(23) од село Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

На 16 август 2020 околу 22.30 часот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучка Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „ауди Q7“, кое пријавениот го управувал и во кое превезувал 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР. Притоа, двајца мигранти загинале, а останатите се здобиле со повреди, а меѓу повредените бил и еден полициски службеник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Х.(34) од село Челопек, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

На 23 февруари 2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле дигитална вага и марихуана.

На 20 август 2020 во СВР Битола било пријавено дека била пронајдена М.М.(34) од Битола, за која на 17 август 2020 беше пријавено дека се оддалечила од домот.

На 20 август 2020 во 15.10 часот во Полициската станица Крива Паланка, Д.С.(57) од село Узем, Кривопаланечко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка Т.С.(14).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Л.М.(64) од село Воиславци, Радовишко, С.А.(37) од Радовиш и правно лице од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 17 уни 2020 првопријавениот, управувајќи товарно возило и приклучно возило, сопственост на третопријавеното правно лице, на Граничен премин „Дојран”, при гранична контрола на овластено службено лице, како доказ во својство на професионален возач на товарни моторни возила, употребил преправана дозвола издадена од Државен санитарен и здравствен инспекторат од 22 март 2020, на име на првопријавениот, за која знаел дека е со преправена содржина.

Второпријавениот, во својство на управител во третопријавеното правно лице, на 16 јуни 2020, откако склучил договор за повремено и привремено вршење на работи со првопријавениот, ја преправил дозволата издадена од ДСЗИ од 22 март 2020 за лицето А.А., на име на првопријавениот со патна исправа и му ја дал на користење за да оствари некаква корист за третопријавеното правно лице.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Д.П.(54) од Миравци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 19 јули 2020 на автопатот „Пријателство”, клучка Миравци, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „даеву ланос”, кое го управувал пријавениот. Притоа, било констатирано дека за возилото „даеву ланос“ тој не поседувал никакви документи, а регистарските таблички биле од патничко возило „мерцедес”, сопственост на В.Ф.(29) од Миравци, кое било одземено од страна на Шумска полиција. хс/

Back to top button
Close
Close