ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 18.08.2020 во 02.45 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три ќеси со марихуана.

Скопје, 18 август 2020 (МИА) – На 18.08.2020 во 02.45 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три ќеси со марихуана.

Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица, информираа денеска од МВР, се пронајдени шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.08.2020 во 17.20 часот, на бул.„Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П.(22) од Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана. Возачот и сопатникот М.Р.(19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.08.2020 во 14.30 часот, вработен во КПУ Затвор „Тетово“, во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа, при преглед на затвореникот И.М.(32) од Гостивар, кој се вратил од викенд, му била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.

На 17.08.2020 во 12.00 часот А.А.Б.(49) од Скопје пријавила дека на 16.08.2020, околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ примила порака со заканувачка содржина од „Фејсбук“ профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.08.2020 во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот. Тој бил приведен во Полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(30) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 27.07.2020 во згодна прилика, пријавениот одзел картичка сопственост на Н.Р. од Скопје, по што со неа преку ПОС терминали на повеќе места низ градот извршил 19 трансакции, со што прибавил противправна имотна корист за себе, а на штета на Н.Р., во износ од 73.500 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(24) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 04.08.2020 во Кочани на ул.„Стамен Манов“, пријавениот, заедно со М.Л., влегол во куќа сопственост на Е.М. од Делчево и одзел пари. Притоа бил забележан од А.М., син на оштетениот, кој се обидел да му ги одземе парите, но бил физички нападнат од пријавениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.П.(48) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.08.2020 во Гостивар, од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од марихуана, дробилка и куршум калибар 7.62×25 мм.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Т.Н.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 15.08.2020 во с.Крани, пријавениот, заедно со Г.Т. од Битола, билe забележани од полициски службеник од Полициската станица Ресен, како ја прескокнуваат оградата за да излезат од црквата Св. „Богородица“ во с.Крани. Полицискиот службеник се обидел да ги сопре, но Г.Т. побегнал кон возилото со кое биле дојдени, а Т.Н. со штрафцигер го нападнал, но полицискиот службеник успеал да го совлада пријавениот.

На 17.08.2020 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека се оддалечила А.Е.(17) од Скопје, која во повеќе наврати се оддалечувала и се враќала назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.08.2020 А.М.(41) од Охрид во полициска станица пријавила дека нејзината малолетна ќерка, на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, била касната од куче скитник.

На 17.08.2020 во 21.54 часот Н.Н. пријавил дека во Скопје на ул.„Орце Николов“, додека го управувал своето патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, покривот од возилото му бил оштетен од залутано зрно. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

На 18.08.2020 во 07.00 часот Д.С.(61) од Скопје пријавил дека околу 06.00 часот на ул.„Мечкин Камен“, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.М.(47) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 17.08.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека се оддалечила М.С.(16) од Скопје, која и досега во повеќе наврати се оддалечувала и се враќала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close