0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен ДПЛ

На 14.08.2020, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(18) и И.Б.(32), двајцата од Куманово, поради тоа што околу 02.30 часот во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово физички го нападнале С.Т.(25) од Куманово, а го оштетиле и возилото во кое тој бил како сопатник, а го управувал К.Ѓ.(25) од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје, 15 август 2020 (МИА) – На 14.08.2020, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(18) и И.Б.(32), двајцата од Куманово, поради тоа што околу 02.30 часот во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово физички го нападнале С.Т.(25) од Куманово, а го оштетиле и возилото во кое тој бил како сопатник, а го управувал К.Ѓ.(25) од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.08.2020 во 06.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.Х.(56) и Х.Х.(19), двајцата од с.Сопот, поради тоа што физички го нападнале Д.М.(33) од Куманово, вработен во приватно обезбедување, додека извршувал службени дејствија. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица. Според пријавеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.08.2020 околу 22.00 часот во близина на Железничката станица во нас.„Илинден“, Скопје, од слобода биле лишени М.М.(23), Ј.Ц.(25) и К.А.(21), сите од нас.„Илинден“, поради тоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.08.2020 во 12.30 часот во СВР Скопје, Д.Р.(35) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот, на излезот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, бил физички нападнат од едно лице кое управувало патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2020 во 23.20 часот во ОВР Струга, 32-годишна жена од струшко село пријавила дека по кратка расправија во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ш.(31). Споре пријавеното, Н.Ш. физички ја нападнал и неговата мајка. Н.Ш. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.08.2020 во 10.45 часот во СВР Скопје, А.О.(38), адвокат од Скопје, пријавил дека во неговата адвокатска канцеларија бил физички нападнат од Г.Д.(49) и Ф.Д.(44). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(62) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во подземни гаражи на трговски центар на бул.„Партизански одреди“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2020 во СВР Тетово, М.Т.(42) од Скопје, со живеалиште во Тетово, пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син А.Т.(19). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 14.08.2020 во 14.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, В.М.(76) од Скопје пријавил дека околу 07.30 часот, во влезот од зграда на ул.„Методија Митевски“, едно лице со употреба на сила му одзело паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2020 во 07.15 часот во Полициската станица Битола, Л.А. од Битола пријавил дека на ул.„Христо Узунов“ во Битола бил каснат од куче скитник.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close