0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(23) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“

Скопје, 14 август 2020 (МИА)СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(23) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31.03.2020, при претрес во домот каде престојувал пријавениот, на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и кокаин.

Во периодот од 22.00 часот на 13.08. до 02.00 часот на 14.08.2020, полициски службеници од Полициска станица Гостивар, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во 20 угостителски објекти на подрачјето на Гостивар. Притоа, во еден од објектите биле затекнати како работат К.О.(38) и З.А.(29), двете од Република Албанија. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка во Полициска станица Гостивар.

На 13.08.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека околу 10.50 часот се вратила М.С.(16) од Скопје, за која на 12.08.2020 беше пријавено дека се оддалечила од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение.

На 13.08.2020 околу 09.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Македонски бранители“ во с.Бела Црква, прилепско, Д.К.(64) од Прилеп, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи, бил повреден и починал на местото на незгодата. Увид извршиле екипа од ОВР Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 14.08.2020 во 00.30 часот, И.Н.(44) од Скопје пријавила дека на 13.08.2020 околу 22.00 часот на бул.„Јане Сандански“ нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од Ј.А. Се работи на расчистување на случајот.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во февруари 2019 пријавениот остварил контакт со Г.С.(62) и му ветил дека може да му обезбеди визи за САД за неговата ќерка и нејзиниот партнер. Потоа, во неколку наврати Г.С. му дал 1600 евра на Д.М., но и по една година визите не им биле обезбедени, по што ги побарал парите назад. Д.М. не му ги вратил парите, а кога му се јавувал на телефон, пријавениот му упатувал закани, по што случајот го пријавил во полиција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Р.Т.(51) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 09.08.2020, Р.Т. влегол во угостителски објект на ул.„8 Септември“ во Дебар, сопственост на И.С. од Дебар и од неговиот татко А.С. побарал 300 евра за наводен долг. Откако не ја добил бараната сума, почнал да се однесува агресивно кон А.С. и во еден момент физички го нападнал.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(57) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.02.2020 полициски службеници извршиле претрес во с.Мислешево, во домот на Т.В., во кој престојувал Б.А., при што бил пронајден и одземен куршум со калибар 7,62 x 39 мм за полуавтоматска пушка.

На 13.08.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение било пријавено дека се оддалечила Е.М.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Р.Ј.(38) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 06.02.2020 на место викано брана „Шпилје“, во правец Струга – Дебар, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „шкода“, во кое како сопатник бил пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хероин.

На 14.08.2020 околу 02.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Блага Ружето“ настанал пожар во паркирано патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на З.Д. од Прилеп. Со пожарот бил зафатен предниот дел на возилото, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.08.2020 во 07.30 часот во СВР Скопје, Д.З. од Скопје пријавил дека во дворот од куќата на ул.„Петар Манџуков“ пронашол зрно од огнено оружје кое причинило оштетување на задното ветробранско стакло од патничко возило „хонда“, сопственост на неговата ќерка. Полициски службеници извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Л.(19) од с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 28.01.2020 на ул,,Маршал Тито“ во Струга полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мицубиши“, управувано од Д.М. од с.Драслајца, каде како сопатник бил Д.Л., при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close