ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.04.2020, во руинирана куќа на ул.„Васка Циклева“ во Свети Николе, од полициски службеници биле затекнати Д.С. и З.Ј., двајцата од Свети Николе, како подготвуваат хероин за употреба, претходно купен од И.С..

Скопје, 11 август 2020 (МИА)Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.04.2020, во руинирана куќа на ул.„Васка Циклева“ во Свети Николе, од полициски службеници биле затекнати Д.С. и З.Ј., двајцата од Свети Николе, како подготвуваат хероин за употреба, претходно купен од И.С..

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М.(40) и Љ.В.(47), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 17.07.2020 оштетениот К.В.(26) на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово бил физички нападнат неколку непознати лица меѓу кои и Е.М., кој извадил пиштол и со кундакот го удрил, по што лицата си заминале од местото на настанот. Откако пристигнале полициски службеници, по кратко време пристигнал и Н.М.(36) од Тетово, и почнал да го навредува К.В., по што бил приведен во СВР Тетово. Откако Н.М. бил пуштен од СВР Тетово, бил нападнат со нож од Љ.В..

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(51) од село во Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 08.10.2019, кај брана Глажња, Липково, пријавениот, во својство на физичко лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, со товарно возило „мерцедес“ во негова сопственост, вршел јавен превоз на 12 метри кубни огревни дрва, со испратници издадени од правно лице од Гошинце, без притоа да поседува лиценца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“. На 13.07.2020 во продажен објект во тетовско село, дошол Д.С., почнал да ја навредува неговата поранешна сопруга, која работела во објектот и растурил прехранбени продукти во продавницата. Тогаш дошол сопственикот на продавницата, заедно со И.А.(59) и започнале вербална расправија со Д.С. Пријавениот извадил нож и се упатил кон И.А. со намера да го повреди, но не успеал во намерата, по што го напуштил местото на настанот. Покрај ова, на 17.07.2020 година, Д.С. телефонски му се заканувал на сопственикот на продавницата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Т.К.(65) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 30.07.2020 од полициски службеници, при вршење на контрола за почитување на мерка за самоизолација, која според решение од Државен санитарен инспекторат била со времетраење од 14 дена, тој не бил затекнат во домот, односно не ја почитувал мерката согласно даденото решение.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С.(25) од битолско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 31.07.2020 при вршење на контрола од полициски службеници, пријавениот не бил затекнат во својот дом, иако претходно имал решение за изолација. Со тоа Д.С. постапил спротивно на здравствените протоколи за спречување од ширење на заразна болест и заштита на населението.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 07.08.2020 била добиена телефонска дојава дека пријавениот излегува од својот дом, иако претходно имал решение за изолација, со што постапил спротивно на здравствените протоколи за спречување од ширење на заразна болест и заштита на населението.

На 10.08.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа „Козле“ се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(18) од Скопје, која во повеќе наврати го напуштала домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(30) од кумановско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавениот на 11.06.2020, при влез во Република Северна Македонија на Граничен премин „Табановце“, враќајќи се од Р.Австрија, потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена, но не ја почитувал изречената писмена наредба издадена од Министерство за здравство. мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close