ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 10.08.2020 во 00.30 часот С.Ј.(42) од Скопје пријавила дека на 09.08.2020 околу 23.00 часот на ул.„Народен фронт“ нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од В.Г. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје, 10 август 2020 (МИА) – На 10.08.2020 во 00.30 часот С.Ј.(42) од Скопје пријавила дека на 09.08.2020 околу 23.00 часот на ул.„Народен фронт“ нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од В.Г. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Од МВР денеска информираа дека на 10.08.2020 во 01.10 часот Х.М.(36) од Скопје пријавил дека на 09.08.2020 околу 23.55 часот на ул.„Никола Парапунов“ бил физички нападнат од две непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.08.2020 во 18.00 часот А.Ф.(28) од село Кондово, скопско пријавил дека околу 15.45 часот, пред угостителски објект во село Сарај, бил физички нападнат од Б.А. од село Буковиќ. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.С.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и две кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 11.07.2020 Е.С. од непознато лице од Скопје набавил хероин за 9.000 денари заради продажба и истиот ден во неговиот дом на А.Ј.(39) и З.Ј.(37) им овозможил да го користат. При преглед од полициски службеници дрогата била пронајдена во просторија каде престојувал Е.С., а каде биле затекнати тројцата како користат хероин. На местото биле пронајдени и дигитална вага и алуминиумски фолии. На 25.07.2020 во домот на В.Т. од полициски службеници од СВР Штип бил извршен претрес и била пронајдена марихуана. На 05.08.2020, Е.С. за сума од 17.000 денари заради продажба, набавил хероин од непознато лице од Скопје, и со патничко возило „форд“ ја пренел до Штип, заедно со С.И.(27) и А.Ј.(39) од Штип, а при преглед од полициски службеници во 20.00 часот, на влезот од Штип, дрогата била пронајдена и одземена.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(50) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време не епидемија“. На 12.06.2020, од страна на Центарот за јавно здравје бил доставен список во СВР Куманово, во кој се наоѓал пријавениот, а при извршена контрола на 16.06.2020 од полициски службеници од СВР Куманово, било констатирано дека тој на 11.06.2020, покрај изречена мерка лекување и изолација во домашни услови, заминал за Р.Австрија, без притоа да ги почитува постоечките протоколи, а со тоа го сторил и кривичното дело.

На 10.08.2020 во 03.50 часот И.С.(44) од Скопје пријавил дека на 09.08.2020 околу 23.40 часот на ул.„Народен фронт“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од едно непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А.М.(32) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.07.2020, при контрола од полициски службеници пријавената, заедно со нејзината малолетна ќерка, не биле затекнати во домот. Малолетничката на 19.06.2020 била тестирана од страна на Државен санитарен инспекторат и била позитивна на Ковид-19, по што ѝ било издадено решение за изолација во домашни услови, сѐ до добивање на два последователни теста со негативен наод, а во моментот кога е извршена контролата таа немала добиено решение со кое престанува самоизолацијата.

На 09.08.2020 во 17.25 часот во Полициска станица Бит Пазар, Ш.Ш.(45) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Р.Ш.(70). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 08.05.2020, во периодот од 12.30 до 17.30 часот на ул.„Богдан Каракостев“ пријавениот, и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Б.А.(64), М.Х. (55),Т.Л.(64), М.Ј.(60), сите од Радовиш, Д.С.(59) од с.Раклиш и С.П.(61) од с.Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“, М.Х и Т.Л., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а М.Ј. Д.С. и С.П., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Првопријавената Б.А., поранешен финансов директор на ЗИК „Радовишко поле“, неовластено ги употребила печатите од комбинатот, изготвувајќи М-4 обрасци и препис од платни списоци на претходно вработени лица во ЗИК „Радовишко поле“ Радовиш, кои подоцна ги доставувала до Фондот за ПИОМ, за остварување на право на материјално обезбедување врз основа на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна сопственост на државата. Второпријавениот М.Х., вработен во Фондот за ПИОМ, Деловница Радовиш, со овластување од директорот распореден на работно место раководител на Деловница Радовиш и третопријавениот Т.Л. вработен во ФПИОМ Деловница Радовиш, на работно место референт по матична евиденција, ја искористиле својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување постапиле спротивно на член 22 од Законот за матичната евиденција за осигурениците и корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување. Имено, тие доставениот стаж од страна на шесто, петто и четвртопријавените Д.С., С.П., М.Ј., како и за десет други лица од Радовиш, с.Конче, с.Ораовица, с.Тополница, радовишко, од Гевгелија, Струмица, го потврдиле врз основа на нецелосни изворни документации, како платни списоци, ЕВТ-2 картони, како и оригинален доказ за платен придонес (рекапитулар заведен во ЗПП), кои се изворни документации со кои е потребно да располага обврзникот или осигуреникот, со што постапиле спротивно на Законот за пензија. Четвртопријавената М.Ј., петтопријавениот Д.С. и шестопријавената С.П., М-4 образците и преписот од платни списоци изготвени од страна на првопријавената Б.А. со невистинити содржини ги доставиле во ПИОМ – Деловница Радовиш, со намера истите да бидат внесени во системот за пензиски стаж, со што истите ќе го исполнат условот за материјално обезбедување во вид на паричен надомест. Со горенаведените кривични дела, пријавените го оштетиле буџетот на Република Северна Македонија за околу 228.300 денари. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close