0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 2 август во 03,50 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.С.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од М.Ј.(24) од Велес дека околу 02,00 часот, на автопат Скопје -Велес во близина на исклучок за манастир Св.Јован, додека пријавителката се превезувала во патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С., истиот физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба

Скопје, 3 август 2020 (МИА)На 02 август во 03,50 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.С.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од М.Ј.(24) од Велес дека околу 02,00 часот, на автопат Скопје -Велес во близина на исклучок за манастир Св.Јован, додека пријавителката се превезувала во патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С., истиот физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба. За настанот е известен јавен обвинител, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 11,45 часот во Полициско одделение Осломеј било пријавено дека во атар на с.Туин,кичевско настанал пожар во кој биле опожарени околу 10 хектари ливади и ниска стеблеста шума. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица од Кичево.

На 03.08.2020 околу 05,00 часот во с.Велешта,струшко настанал пожар во куќа сопственост на И.Ж.(72). Пожарот е изгаснат од противпожарна единица од Струга.

На 02.08.2020 во 20.20 часот во с.Стајковци, скопско од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода П.В.(28), З.В.(53) и М.В.(23) сите од с.Стајковци, постапувајќи по претходна пријава од Т.В.(51) од с.Стајковци дека по претходно недоразбирање и расправија бил физички нападнат од пријавените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Г.(30) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во близина на трговски центар на бул. Кочо Рацин додека бил заедно со М.Д. по претходна расправија бил физички нападнат со стаклен предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.08.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(34) од Скопје пријавил дека на 02.08.2020 околу 19.30 часот додека бил на неговото работно место во угостителски објект на бул.Борис Трајковски по претходно недоразбирање тој и неговиот колега З.Т. биле физички нападнати од неколку лица, гости во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 околу 15.20 часот во СВР Скопје, С.К.(63) од с.Виниче, скопско пријавил дека околу 14.00 часот на ул.Трајче Здравковски по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Ж.З.(64) и Д.З.(39) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 13.00 часот во СВР Куманово, А.В.(33) од с.Билановце,кумановско пријавил дека на 01.08.2020 околу 19.30 часот на ул. 2 во населба„Бабин Дол“ во Куманово тој и К.В. по претходно недорзбирање биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 10.20 часот во СВР Куманово, В.В(39) од Куманово, вработен како лекар на итна медицинска помош пријавил дека на 01/02.08.2020 окулу 22.00 часот додека бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово -Свети Николе, во близина на с.Добршане бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот , по што од таткото на починатиот бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 околу 17.05 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека на место во атар на с.Шопско Рударе,кратовско бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С. од една страна и Д.Ј. и З.Д. од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 03.08.2020 во 01,45 часот во Полициска станица Македонски Брод било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.Димитар Влахов по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(25) од с.Брест од една страна и М.С.(20) од Македонски Брод и Л.С.(20) од с.Белица од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 22,30 часот во СВР Штип, З.Д.(50) од Штип пријавил дека на автобуска постојка на ул. Железничка во Штип бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 10,45 часот во Полициска станица Кочани, С.Н.(66) од с.Теранци, општина Чешиново-Облешево пријавил дека на 01.08.2020 околу 22,00 час во куќа во негова сопатвеност во с. Теранци бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга В.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.08.2020 во 00.20 часот во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Б.В.(42) од Кочани постапувајќи по претходна пријава на В.Б.(41) од Кочани дека на 02.08.2020 околу 23.30 часот пред казино во Кочани, Б.В. со нож се обидел да го повреди пријавителот откако претходно Б.В. со секира го повредил Д.З. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 околу 22,30 часот полициски службеници од Полициска станица „Охридско езеро“ се упатиле наспроти с.Радожда,струшко каде забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Р.Албанија. По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин, Р.Албанија. За настанот се известени пограничните органи на Р.Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот. оџ/нд/

 

 

Back to top button
Close
Close