ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 27.06.2020 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Гоце Делчев“ го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – На 27.06.2020 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Гоце Делчев“ го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Орце Николов“ ги лишиле од слобода А.К.(36) и С.К.(34), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Од МВР денеска соопштија дека по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.06.2020 во 16.00 часот во Скопје пред Полициската станица Гази Баба, Н.Т.(53) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ.

На 26.06.2020 во 13.30 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Александар Македонски“, во фабрика за текстил, Д.К.(35) од Прилеп се повредил додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полициски службеници од Полициската станица Прилеп излегле на местото на настанот.

На 26.06.2020 во 05.45 часот било пријавено дека во Кавадарци, на ул.„Шишка“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „сетра“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(65) од Неготино и трактор „ИМТ 533“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(80) од Кавадарци. По незгодата, возачот на тракторот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци. цр/

Back to top button
Close
Close