0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен

На улицата „Илинденска“ во Гостивар, вчера во 10:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од село Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село.

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – На улицата „Илинденска“ во Гостивар, вчера во 10:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од село Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село. Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 14:45 часот на влез во Р.С.Македонија, при контрола во товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(50) од с.Горенци, општина Дебарца, царински службеници ја пронашле Л.Л.(20) од Р.Албанија скриена во кабина на возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 17:40 часот кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се придвижило и удрило во две лица. Притоа, од здобиените повреди на местото починала З.А.(47) од Струмица, додека едно машко лице било пренесено Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Виница.

Вчера во 16:30 часот на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(28) од Скопје, удрило во велосипед управуван 17-годишен малолетник од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 3 јуни оваа година во 19:45 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, делница с.Дабиле-с.Петрилинце, Ј.Д.(33) од с.Дабиле, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Јавната здравствена установа Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Струмица.

Вчера во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено здравје – организационата единица Влае пријавила дека нивната штитеничка М.С.(17), за која на 30 мај 2020 беше пријавено дека се оддалечила од установата, се вратила во домот.

Вчера во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено здравје – организационата единица Влае пријавила дека нивната штитеничка М.С.(17), за која на 3 јуни 2020 беше пријавено дека се оддалечила од установата, се вратила во домот.

Вчера во 22:57 часот во СВР Штип, М.С.(32) од с.Русиново, беровско пријавила дека настанал пожар во атар на с.Русиново во кој горела шума. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово и Шумското стопанство „Малешево“ – Берово. Повредени лица нема. Увид бил извршен.

Вчера во 16:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Другово, кичевско, Ц.З.(54) од селото, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на местото. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 13:50 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.П.(41) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник.

Вчера во 14:25 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.(21) од Скопје пријавила дека на ул.„Миле Поп Јорданов“ била касната од куче скитник. бк/

Back to top button
Close
Close