ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Л.Л.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 27 и 28.01.2020 на социјалната мрежа Фејсбук објавил фотографии од неговата поранешна девојка, без нејзино знаење. Исто така, додека биле во врска, без дозвола влегол на нејзиниот профил на „Вибер“ и го инсталирал на неговиот персонален компјутер.

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА)Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Л.Л.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 27 и 28.01.2020 на социјалната мрежа Фејсбук објавил фотографии од неговата поранешна девојка, без нејзино знаење. Исто така, додека биле во врска, без дозвола влегол на нејзиниот профил на „Вибер“ и го инсталирал на неговиот персонален компјутер.

На 03.06.2020 околу 17 часот, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во Лешок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ј.(19) и Ќ.Ф.(20), двајцата од тетовско Одри, затоа што при нивен и преглед на возилото „хонда“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе следува поднесок.

На 03.06.2020 околу 20:30 часот, на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.А.(22), А.Ј.(21) и А.А.(22) од Гостивар, затоа што при нивен и преглед на возилото „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат поднесоци.

На 03.06.2020 во 08:00 часот било пријавено дека во с.Сарај патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје, удрило во бетонски ѕид и во патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Ф.Р.(35) од Скопје. Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Е.Д.(23) се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Возачот И.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.06.2020 во 15:00 часот било пријавено дека на патот од Средно Водно кон Сопиште се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(22) од Скопје и велосипед, управуван од Б.П.(32) од Скопје. По незгодата, двајцата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.06.2020 во 13:00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета. Според пријавеното, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни. При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

На 03.06.2020 во 09:10 часот во Полициската станица Аеродром С.Д.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Бојмија“ била касната од кучиња скитници.

На 03.06.2020 во 10:50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров А.С.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close