ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На ден 16.05.2020 во ОВР Кочани било пријавено дека околу 19.05 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани, мотоцикл „Хонда 450“, без регистарски ознаки, управуван од И.М.(52) од Кочани се превртел на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани. 

Скопје, 17 мај 2020 (МИА)На ден 16.05.2020 во ОВР Кочани било пријавено дека околу 19.05 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани, мотоцикл „Хонда 450“, без регистарски ознаки, управуван од И.М.(52) од Кочани се превртел на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.

На 16.05.2020 во 13.30 часот во СВР Битола, З.Н. од село Драгарино, битолско, пријавил дека, додека работел на нива во атарот на селото, пронашол стара артилериска граната од Првата светска војна. Увид извршила екипа од СВР Битола, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

На 16.05.2020 во 18.00 во СВР Куманово, Д.Р.(70) од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1.050 евра. Според пријавеното, околу 13.00 часот ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари. Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува. Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите. Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

На 16.05.2020 во 23.04 часот во СВР Скопје, Р.О.(31) од Скопје пријавил дека околу 18.50 часот на ул.„Џон Кенеди“, додека бил на улица до неговиот двор со тројца роднини, дошол неговиот сосед Д.Х. и започнале вербална расправија. Според пријавеното, потоа Д.Х. заминал во својот дом и се вратил со пиштол, со кој му се заканувал на Р.О., но бил спречен од неговиот син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 16.05.2020 во 21.10 часот во Полициската станица Карпош, М.П.(61) од Скопје пријавил дека околу 18.50 часот на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ со ул.„Осло“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2020 во 20.00 часот во Полициската станица Чаир, С.Ш.(44) од село Мирковци, скопско, пријавил дека околу 17.30 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.Н. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 15.05.2020 во 23.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.Н.(24) од село Долно Соње, скопско, пријавил дека околу 22.30 часот во Долно Соње бил физички нападнат од четири лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.05.2020 во 16.50 часот Полициската станица Аеродром, В.Т.(54) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот во влез на зграда на ул.„Анастас Митрев“ бил физички нападнат од две лица. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 16.05.2020 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Егејска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.К.(52) и Н.К.(29) врз Г.Б. (32), сите од Охрид. Нападнатиот бил префрлен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Охрид презема мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.05.2020 во 17.00 часот во ОВР Прилеп, Б.И.(56) од Свети Николе, а со живеалиште во Прилеп, пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Александар Македонски“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2020 во 17.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ З.А.(63) од Гостивар, додека се движел, паднал на коловозот и се здобил со повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош. Увид е извршен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. сп/

Таг
Back to top button
Close
Close