0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Во полицијата вчера во 12 часот било пријавено дека во Струмица на бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(39) од с.Дабиле, струмичко, и патничко возило „рено“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(45) од с.Добрејци, струмичко.

Скопје, 16 мај 2020 (МИА)Во полицијата вчера во 12 часот било пријавено дека во Струмица на бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(39) од с.Дабиле, струмичко, и патничко возило „рено“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(45) од с.Добрејци, струмичко. По незгодата, Г.Д. бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

На Граничниот премин Деве Баир вчера во 17:20 часот на влез во Р.С.Македонија допатувал Ј.К.(51) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки. По извршените проверки, поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „фалсификување на исправа“, тој бил лишен од слобода во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Во полицијата вчера во 14.30 часот било пријавено дека во Велес, на раскрсницата од ул.„Кумановска“ и ул.„Наум Наумовски“, 12-годишничка од Велес, управувајќи велосипед паднала на коловозот. По незгодата, таа била пренесена во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

На 15.05.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Во СВР Скопје  вчера во девет часот од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје. По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа. Од страна на лекар била констатирана смрт. Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Во Полициската станица Ѓорче Петров вчера в0 10.30 часот, М.Д.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close