0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 23:30 часот на ул.„Качанички пат“ го лишиле од слобода Е.Ј.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 23:30 часот на ул.„Качанички пат“ го лишиле од слобода Е.Ј.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул. „АСНОМ“ ги лишиле од слобода Е.И.(27), Е.Б.(25) и Х.К.(25), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тодор Александров“ го лишиле од слобода Б.А.(27) од Крива Паланка, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода А.Ш.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќеска, 10 минути по полноќ, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк, при извршен преглед кај Е.М.(21) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 8:10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, при пасошка контрола на В.К.(22) од Белорусија, било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој од 15 дена, односно престојувала девет дена повеќе. Таа била приведена во полициска станица за понатамошна постапка.

Вчера во 13:20 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола на П.К.(22) од Р.Албанија, полицискиот службеник се посомневал дека патната исправа не е на лицето кое ја приложило за пасошка контрола. Од извршениот разговор тој за себе ги дал податоците дека е К.Г.(21) од Р.Албанија, по што бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Полициски службеници од СВР Битола на вчера извршиле контрола на возилата за брзина, алкохол, зборување на мобилен телефон, техничка неисправност, поседување возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека четири возачи управувале возило со поголема брзина од дозволената, на мобилен телефон разговарале четири возачи, нерегистрирани биле две возила, а возачка дозвола не поседувале 12 возачи. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Утринава во 3 часот било пријавено дека на ул.„Тодор Александров“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(40) од Скопје, удрило во бандера и ограда. Во незгодата А.Г. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен велосипедистот Д.В.(62) од Скопје, кој бил повреден во сообраќајна незгода на бул.„Киро Глигоров“. Според пријавеното, додека Д.В. управувал велосипед, движењето му било попречено од непознато возило и паднал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 18:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце –Тетово, кај с.Непроштено, патничко моторно возило „даеву тико“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(26) од с.Непроштено, излетало од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Џ.Д.(53) од с.Непроштено, а со телесни повреди се здобил возачот, по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Утринава околу 3:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземни гаражи на ул.„Седма албанска бригада“ настанал пожар при што биле опожарени три возила, и тоа: „ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б., „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. и „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, додека оштетено било и возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од екипа на Итна медицинска помош била укажана помош на лице место на 15 станари кои вдишале чад и сите се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиника за токсикологија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14 часот во Полициската станица Аеродром, С.Т.(25) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Во текот на  вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што се санкционирани: еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило, едно возило бидејќи било нерегистрирано, еден возач поради неправилно престигнување и 18 пешаци поради сторени прекршоци. Исто така, во текот на изминатиот ден 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Вчера во 16:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Б.(26) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Мисирков“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. бк/

Back to top button
Close
Close