Хроника

МВР Билтен

Денеска по полноќ, во 00:30 часот во Кичево, кај место викано „Крушино“, полициски службeници од ОВР Кичево го привеле Х.Д.(23) од село Зајас, кичевско, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против Х.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, август 2021 (МИА) – Денеска по полноќ, во 00:30 часот во Кичево, кај место викано „Крушино“, полициски службeници од ОВР Кичево го привеле Х.Д.(23) од село Зајас, кичевско, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против Х.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Штип вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 70 мерки, меѓу кои 57 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 4 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување, 2 за некористење сигурносен појас и 2 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Вчера во 18 часот на локалниот пат село Сарај – село Глумово, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(45) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(51) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на возилото „опел“, С.А.(51) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Додека, со телесни повреди се здобила сопатничката на возилото „фолксваген“, Х.Х., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, девет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Во текот на изминатото деноноќие (03.08/04.08.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 15 прекршоци.

Вчера во 21 часот на магистралниот пат Граничен премин Блаце -Скопје, Н.Б.(55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Н.Б. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош, но починал од срцев удар. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Во Полициската станица Чаир, вчераво 22:30 часот, И.К.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска” во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 02.08.2021 во 19:56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на крстосницата со патот за село Драгожани, С.Б.(47) од Битола, со живеалиште во САД, управувајќи патничко возило џип „вранглер“, со битолски регистарски ознаки, излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Б., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Битола.

Денеска во 8 часот, С.П.(54) од Радовиш пријавил дека во близина на Градскиот пазар во Радовиш бил каснат од куче скитник. 

Таг
Back to top button
Close
Close