ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 02:00 часот го лишиле од слобода Н.Д.(28) од с.Челопек, тетовско, поради сомнение дека на 08.03.2020 извршил тешка кражба во куќата на Б.И.(33) од истото село, при што одзел златен накит.

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 02:00 часот го лишиле од слобода Н.Д.(28) од с.Челопек, тетовско, поради сомнение дека на 08.03.2020 извршил тешка кражба во куќата на Б.И.(33) од истото село, при што одзел златен накит. Дел од накиот бил пронајден и му бил вратен на сопственикот, инаку негов роднина. Н.Д. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 18:50 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар од слобода бил лишен Б.С.(31) од Гостивар, кој претходно извршил кражба во трговски објект на истата улица. По целосно документирање и расчистување на случајот, против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07 и 08.03.2020 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за возење под дејство на алкохол. Во контролата биле откриени 11 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол (ТЕ-8 и ГВ-3). Сите се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи, а ќе им бидат изготвени и соодветни поднесоци. Во акцијата, исто така, биле откриени и санкционирани и 20 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-10), од кои најмногу за управување без возачка дозвола, возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничување итн.

Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот (07 и 08.03.2020) извршиле акциска контрола за алкохол, при што било констатирано дека 18 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. На 15 возачи времено им се одземени возачките дозволи, а притоа откриени се и 16 други видови прекршоци. За сите неправилности се издадени соодветни поднесоци.

Вчера во СВР Скопје, Д.К.(40) од Скопје пријавил дека околу 23:00 часот на крстосницата од бул.„Кузман Јосифовски Питу“ со бул.„Јане Сандански“, додека со неговиот малолетен син биле запрени во неговото возило на црвено светло на семафорите, две лица со тврди предмети го оштетиле возилото и се обиделе физички да го нападнат. Според пријавеното, едното лице вперило и пиштол кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во СВР Скопје вчера во 9:13 часот било пријавено дека во маркет на ул.„Дончо Штипјанчето“ едно лице со закана со пиштол од вработената одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 20:01 часот во СВР Скопје, А.С.(32) од Скопје пријавил дека околу 19:00 часот на пат за Сончев град, кај кружен тек во Сопиште, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во 01:00 часот во СВР Скопје, Н.П.(44) од с.Марино, скопско, пријавил дека околу 00:05 часот на тераса од угостителски објект на бул.„Трета македонска бригада“ неговиот 17-годишен син и М.И.(18) од с.Јурумлери, скопско, биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Триесет и петгодишниот И.С. од Скопје ноќеска во 01:41 часот пријавил во СВР Скопје дека околу 01:30 часот пред казино во трговски центар на бул.„Партизански одреди“, поради нерасчистени должничко-доверителни односи, бил физички нападнат од Г.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 00:40 часот во СВР Скопје, А.Х.(34) од с.Бунарџик, скопско, пријавил дека на 07.03.2020 околу 23:30 часот, кај клучка „Белви“ и потоа во нас.Лисиче, бил физички нападнат од С.М., М.Т. и Г.Б., со кои се познавал од претходно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска околу 00:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Камењане, тетовско, настанал пожар во куќата сопственост на Р.Ф.(22). Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Увид се врши во текот на денот.

Вчера околу 9:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Бањица, Општина Чашка, деветгодишно девојче се лизнало и паднало во водите на Бањичка река. По преземени мерки, утрово околу 07:00 часот девојчето било пронајдено удавено во реката. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на семејството.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.И.(32) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.09.2019 пред угостителски објект, поради нерасчистени односи и по претходна расправија, пријавениот со свое возило „џип“ удрил во возило на оштетениот А.Д.(31) и го напуштил местото.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.М.(31), С.М.(31), Д.М.(36), тројцата од Кочани и Ј.А.(33) од с.Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.02.2020 на магистралниот пат од Пониква кон Кочани, пријавените се однесувале агресивно и упатувале закани кон Ѓ.А.(43) и Д.В.(39), двајцата од Скопје. дма/

Back to top button
Close
Close