ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 7 март 2020 (МИА)

Скопје, 7 март 2020 (МИА) – Денеска во 00.10 часот на улица „Горно Лисиче“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А. Н. (21) од  село Теарце, тетовско,  поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На улица „Женевска“ во Скопје, денеска во 01:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б. П. (23) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 02.10 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д. И. (28) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 16.15 часот на улица „Пелагонија“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода  Ф. Х. (41) од Скопје поради тоа што физички нападнал и со нож се обидел да повреди полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во периодот од 00.30 до 02.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б. Б. (48) од село Орланци ,општина Арачиново. При претресот биле пронајдени еден пиштол „Зораки-М-906“  со рамка со шест куршуми и уште два куршуми. Претресот бил извршен по претходна пријава на неговата ќерка за семејно насилство и закана со пиштол. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На крстосница од булевар „3-та Мак.Бригада“ и улица „Крушевска република“, денеска во 02:00 часот патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К. Ј. (32) од Скопје излетало од коловозот и удрило во рекламно пано и ограда од дворно место. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот К. Н. (36) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот К. Ј.. Тие биле пренесени  во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во Полициската станица Бит Пазар, Ф. Ш. (27) од Скопје пријавил дека на улица „Лазар Трповски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Во Полициската станица Аеродром, вчера во 09:30 часот С. М. (64) од Скопје пријавила дека на булевар „АВНОЈ“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница. аа/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close