0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 5 март 2020 (МИА)

Скопје, 5 март 2020 (МИА) СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.К.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.10.2019 во влез на зграда на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја забележале пријавената како во поштенско сандаче остава сомнителен предмет. По извршен преглед, во поштенското сандаче била пронајдена марихуана, по што М.К. била лишена од слобода.

На 05.03.2020 во 01.15 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници запреле патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Н.(22) од Охрид. Притоа, сопатникот Д.А.(31) од Охрид, излегол од возилото, почнал да бега и исфрлил две пакувања со прашкаста материја. Набргу потоа, тој бил фатен, а по извршениот преглед во возилото биле пронајдени уште две пакувања со прашкаста материја. Возачот и сопатникот биле лишени од слобода и приведени во СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 04.03.2020 околу 16.00 часот во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.С.(20) и Д.С.(22) од Камењане и А.М.(22) од с.Боговиње, тетовско, поради сомнение за сторена кражба, која истиот ден околу 03.40 часот била извршена над 27-годишен таксист од Тетово, кој ги превезувал од Тетово до Камењане. Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

На 04.03.2020 во периодот од 09.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола. Притоа, биле откриени и законски санкционирани 18 технички неисправни возила (ТЕ-12 и ГВ-6). Најголемиот број од нив (13) имале неисправни сопирачки (ТЕ-8 и ГВ-5 ). Поради овие и други недостатоци од сообраќај биле исклучени 17 возила. При контролата, исто така, откриени и законски санкционирани се четири возачи без возачка дозвола (ТЕ), четири возачи-почетници(ТЕ) кои не се придржувале на законските ограничувања и четири други недостатоци, констатирани кај возачи, како и осум други видови прекршоци. За сите прекршоци издадени се соодветни поднесоци.

На 04.03.2020 во периодот од 09.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила и возачи. Притоа, 71 возило се упатени во станица за технички преглед, а од извршената контрола било констатирано дека 14 возила биле технички неисправни. Исто така, било констатирано дека едно било со измината важност на сообраќајната дозвола и едно било нерегистрирано. Преземени се и 18 мерки за констатирани прекршоци од страна на возачите. За сите овие прекршоци изречени се соодветни санкции. Преземени се три мерки за непрописно паркирање, а санкционирани се и 13 останати прекршоци.

Денеска во 08.50 часот на регионалниот пат Струмица –Радовиш, кај клучка Радовиш, полициски службеници запреле товарно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Скопје. При преглед на возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица – мигранти. Д.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2020 во 12.20 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, К.Џ.(45) од Босна и Херцеговина пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило како У.А. од Ресен за сума од 3.500 евра, а во врска со транспорт на камион со јаболка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2020 во Полициската станица Бит Пазар, С.И.(44) од Скопје пријавил дека дома се вратил неговиот татко Ш.И.(70) од Скопје за кој на 23.02.2020 беше пријавено дека се оддалечил во непознат прaвец.

На 04.03.2020 во 20.30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, В.Ѓ.(51) од Кавадарци пријавил дека околу 18.30 часот неговиот сосед И.О. со секира удирал по ѕидот од неговата куќа и му се заканувал по животот. И.О. бил приведен и се работи на расчистување на случајот.

На 04.03.2020 во 18.05 часот во Одделението за внатрешнир работи Ресен, K.A.(27) од Азербејџан пријавил дека околу 16.00 часот на ул.„Наум Веслиевски“ во Ресен бил физички нападнат од А.М. и Ќ.М. од Ресен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2020 во 08.00 часот во СВР Скопје, К.Б.(43) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на 03.03.2020 околу 19.20 часот во близина на спортски центар „Хиподром“, во автобус бр.63, кој сообраќал на релација н.Илинден – н.Автокоманда, неговиот 15 – годишен син бил физички нападнат од возачот на автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2020 во 16.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Б.(32) од с.Злокуќани, скопско, пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 04.03.2020 во 16.15 часот во Полициската станица Драчево, Т.Н.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надлактица.

На 04.03..2020 во Полициската станица Струга било пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Струга куче скитник каснало 12-годишен малолетник во пределот на левата нога.

На 04.03.2020 околу 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во нас.Карпош настанал пожар во паркирано патничко возило „даеву матиз“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на К.Ш.(59) од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 04.03.2020 во 15.00 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, 19-годишна жена од радовишко село пријавила дека во периодот од 26.02. до 02.03.2020 година во семејната куќа во прилепско село нејзиниот свекор (очув на нејзиниот сопруг), Т.Б.(67) извршил обљуба врз неа. Т.Б бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, А.О.(19) од с.Долно Коњари, скопско, пријавил дека околу 20.30 часот на ул.„Кеј 13 Ноември“ две лица физички го нападнале и му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Г.(21) и Н.И.(20) од с.Саса, Македонска Каменица и К.С.(19) од с.Цера, Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавените на 22.02.2020 на крстосница од магистрален пат од Македонска Каменица кон локален пат за с.Цера, со употреба на физичка сила му го одзеле паричникот на М.С.(48) од с.Главовица.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Л.(37) од с.Шутово, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 30.01.2020 пријавениот во бутик на ул.„Страшо Пинџур“, по претходна расправија, вперил пиштол кон Е.Љ.(28) од Тетово.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(24) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.10.2019 на ул.,,Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле мешавина од тутун и марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.А.(28) од Куманово, вработен како полициски службеник во СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот во два наврати, на 18.05.2019 и 11.09.2019, по електронски пат со употреба на платежната картичка на С.К. извршил плаќање на фактури кои се на име на пријавениот. миа/миа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close