ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15:00 часот го привеле 19-годишниот скопјанец С.Ј.(19), затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15:00 часот го привеле 19-годишниот скопјанец С.Ј.(19), затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа околу 22:00 часот во близина на тетовското село Вратница, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево го лишиле од слобода Б.М.(19) од с.Радуша, скопско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Б.М. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14:30 часот, на мeсто викано „видиковец“ на Водно, при извршен преглед кај В.А.(20) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против тетовецот Н.Н.(19) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Н.Н. на 01.03.2020 околу 14:00 часот во влез од зграда во Тетово допирал по тело малолетничка од Тетово и се обидел да изврши обљуба врз неа. Набргу потоа, пријавениот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, а на 03.03.2020 судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Вчера полициски службеници од Полициската станица Неготино ја пронашле С.Ш.(16) од с.Криволак, неготинско, за која нејзиниот татко А.Ш.(44) на 02.03.2020 пријавил дека се оддалечила од домот.

Синоќа во 23:30 часот во Полициската станица Драчево, Т.Н.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надлактица.

Во Полициската станица Центар вчера во 18:40 часот, Е.П.(27) од Скопје пријавила дека на бул.„Мајка Тереза“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Полициски службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека шест возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминале четворица возачи, на мобилен телефон разговарале четворица возачи, а сигурносен појас не користеле двајца возачи. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај е исклучено едно возило бидејќи било нерегистрирано и 55 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. дма/

Back to top button
Close
Close