0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го привеле М.Д.(27) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја.

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Полициски службеници од од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го привеле М.Д.(27) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 07:50 часот го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје од парк шумата Гази Баба го лишиле од слобода М.А.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера попладне во 17:20 часот исто така во парк шумата Гази Баба бил лишен од слобода Б.А.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Битола вчера во 17:30 часот, С.П. пријавил дека при копање во дворот од куќата на ул.„Илинденска“ пронашол стара неексплодирана граната.

Полициски службеници извршиле увид на местото, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за рачна граната од Првата Светска Војна. Гранатата била безбедно подигната од местото.

Сообраќајна незгода со повеќе повредени лица се случила вчера попладне во 17:50 часот на крстосницата на ул.„101“ со ул.„ЈНА“  во Гостивар. Во сообраќајката се судриле патничко возило „хјундаи санта фе“ со гостиварски таблички управувано од А.А.(46) и патничко возило „рено трафик“ со гостиварски ознаки, управувано од С.Х.(40) од Гостивар.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Х., а со телесни повреди две сопатнички од возилото „хјундаи санта фе“, Д.А.(44) и 13-годишна малолетничка, како и уште две сопатнички од другото возило, С.Б.(39) и С.М.(61), сите од Гостивар. Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар каде им е укажана лекарска помош, а на местото на незгодата е извршен увид.

Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола.

Притоа, било констатирано дека брзината ја надминале 70 возачи, 13 возачи возеле без да возачка дозвола и 11 возачи под дејство на алкохол. На мобилен телефон разговарале шест возачи, сигурносен појас не користеле тројца возачи. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На подрачјето на СВР Штип во петокот во периодот од 12 до 17 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои возат со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, било утврдено дека седум возачи возеле со брзина поголема од дозволената во населено место, а 12 надвор од населено место. Преземени се вкупно 19 мерки, односно за сите прекршоци изречени се соодветни казни.  Санкционирани се и седум останати прекршоци .

Вчера во 22:30 часот во полициската станица Центар, А.Н.(35) од Скопје пријавил дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Вчера околу 15 часот во тетовското село Одри, полициски службеници врз основа на судска наредба го привеле Р.А.(32) осуден на казна затвор за кривично дело „тешка кражба“.

Подоцна, Р.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на казната.

Вчера во 17:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњската крстосница, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при нивен и преглед на патничкото возило „хјундаи“ со скопски таблички, биле пронајдени таблети екстази.

Двете женски лица биле задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека М.Д., кој во меѓувреме ги проголтал таблетите, бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош. бак/

 

Back to top button
Close
Close