ХроникаХроника.Портал

МВР билтен

СВР Тетово поднесе кривична пријава до ОЈО Тетово против С.М.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ по чл.188 од КЗ.

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА)СВР Тетово поднесе кривична пријава до ОЈО Тетово против С.М.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ по чл.188 од КЗ. Имено на 24.02.2020 во периодот од 19:00 до 20:00 часот пријавениот најпрвин на ул.„Страшо Пинџур“ во Тетово во неговото возило го внел малолетното девојче, а потоа на друго место исто така во Тетово извршил обљуба над него. С.М. со кривична пријава бил изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Вчера во 17:00 часот било пријавено дека на ул.„Новопроектирана“, две непознати лица извршиле разбојништво над Р.Џ.(32) од Скопје при што и одзеле чанта во која имало пари, документи, клучеви и мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

На 28.02.2020 било пријавено дека во временскиот период од 24. до 28.02.2020 во с.Шлегово-кратовско, непознат сторител со употреба на сила и подесен предмет насилно ја отворил влезната врата од црквата „Свето Воведение Богородица“, и одзел околу 60.000 денари. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кратово. Се работи на расчистување на случајот.

Во специјално возило за транспорт на дефектни возила марка „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки вчера во 15:30 часот во близина на „Врапчишка петља“-Гостивар бил пронајден починат Г.Т.(50) од Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Утрово во 6:30 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Октомвриска револуција“, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб. Во возилото биле Д.В.(21) и М.С.(21) двајцата од Куманово кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. констатирана била смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Во 14:45 часот вчера било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Аминта Трети“ патничко моторно возило “даихатсу“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(22) од Дебар, удрило во пешаците И.Т.(26), С.Ј.(41) и Г.Б.(56) сите од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Б. по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобила И.Т. по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Синоќа во 23:30 часот било пријавено дека на бул.„Февруарски поход“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.П.(43) и нејзината малолетна ќерка од една страна и А.Б.(28) сите од Скопје. Причина за нарушениот ЈРМ било поради меѓусебно недоразбирање околу паркинг место.

Вчера во 19:16 часот било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во угостителски објект С.Ќ.(31) од с.Кондово-скопско бил физички нападнат од А.Н. и неговиот син В.Н. Причина за физичкиот напад, според пријавеното, биле должничко доверителни односи. Се работи на расчистување на случајот.

Б.П.(56) од Скопје вчера во 18:00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

М.К.(31) од Скопје вчера во 18:10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека на ул.„Лука Геров“ нејзиниот 14 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

В.В.(54) од Скопје вчера во 13:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров  пријавила дека на ул.„Алексо Демниевски“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Синоќа во 22:30 часот било пријавено дека во Гостивар во спортска обложувалница на ул.„Тоде Богданоски“ дошло до меѓусебна пресметка помеѓу М.Ш.(57) од Гостивар и М.Н. Се работи на расчистување на случајот.

Л.П.(62) од Битола вчера во 11:40 часот во СВР Битола пријавила дека на 25.02.2020 околу 16:30 часот нејзиното 12 годишно дете на ул.„Борис Бастери“ било физички нападнато од Е.Н. Се работи на расчистување на случајот.

М.Ц.(40) од Битола вчера во 15:30 часот во СВР Битола пријавил дека дента околу 11:00 часот во просториите на ЗК Пелагонија АД-Битола во канцеларијата на пријавителот влегол негов колега В.С. и почнал да му упатува навреди и по кратка вербална расправија физички го нападнал. Се работи на расчистување на случајот.

П.С.(22) од Кавадарци вчера во 22:30 часот во Полициската станица Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 22:00 часот во нејзиниот дом таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од С.С. по што со камен им искршил прозорец. Се работи на расчистување на случајот.

Од ЈЗУ Општа болница Кавадарци вчера во 17:50 часот во Полициската станица Кавадарци  било пријавено дека на ул.„Миле Вчков“ имало починато лице П.А.(74) од Кавадарци. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција. вј/

Back to top button
Close
Close