ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА)

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 00:30 часот на улица “Женевска“, ги лишиле од слобода А. Е. (52) од Скопје и Л. Ш. (40) од село Сарај-скопско затоа што при извршен преглед кај А. Е. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Л.Ш. бил пронајден нож. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 15:00 часот на улица “Скупи“ од полициски службеници од СВР Скопје било сопрено товарно моторно возило “мерцедес“ без регистарски таблици, управувано од А. К.(19) и сопатникот Д. С.(18) двајцата од Скопје, кое било натоварено со лим. Од извршеното легитимирање и преглед утврдено било дека двајцата не поседувале лични документи за идентификација, документи за возилото ниту документи за товарот – лим во возилото. Тие биле лишени од слобода под сомнение за извршено кривично дело и утврдување идентитет и предадени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

На Граничниот премин „Св.Наум“ вчера во 19:35 часот за влез во РСМ, при извршена контрола на Е. Ј. (31) од Р. Албанија кој бил со патничко моторно возило “опел зафира“ со албански национални ознаки, било констатирано дека евидирал во “Стоп листа“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Вчера во 16,00 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата со кружен тек од улица „Македонски просветители“ со булевар „Туристичка“, патничко моторно возило “хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р. Р. (32) од Охрид, удрило во пешакот С. К.(45) од Охрид. Во незгодата С. К. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во специјалната болница “Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Охрид.

Во Полициската станица Гази Баба вчера во 15:00 часот А. А. (64) од Скопје, пријавил дека на кеј на реката Вардар до мостот Топлана во населбата Керамидница бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Вчера во 10:20 часот било пријавено дека на булевар “Никола Карев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од  М. Д. (36) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С. П. Ј.(37) од село Речица-кумановско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А. С. (35) од Скопје сопатничка од возилото “голф“ со скопски регистарски ознаки, по што била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил М. Д. и бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Во текот на изминатиoт ден (27.02.2020 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности при што санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување и 21 пешак за сторен прекршок. Во текот на изминатиот ден 57 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Полициски службеници од СВР Битола на 27.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека двајца возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Брзината ја надминале осум возачи. На мобилен разговарал еден возач, а појас не користел еден возач. Потоа пет возачи биле под дејство на алкохол и истите се отстранети од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци. аа/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close