ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 26.02.2020 во 20.35 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи  Кичево ги лишиле од слобода Д.С.(39) од Гостивар, Ф.А.(19) од с.Чегране, гостиварско и Е.Н.(20) од с.Д.Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во патничко моторно возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена  кеса со марихуана од околу 1,7 килограми.  

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) На 26.02.2020 во 20.35 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи  Кичево ги лишиле од слобода Д.С.(39) од Гостивар, Ф.А.(19) од с.Чегране, гостиварско и Е.Н.(20) од с.Д.Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во патничко моторно возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена  кеса со марихуана од околу 1,7 килограми.  Tројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.02.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„50-та Дивизија“ го лишиле од слобода М.Ј.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.02.2020 околу 00.20 часот во с. Пирок, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.З.(22) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште три лица од с.Голема Речица и с.Камењане, тетовско, бил пронајден кокаин. Е.З. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.02.2020 околу 00.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода В.З.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и ризла. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.02.2020 во 17.45 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен С.А.(25) од Неготино затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Полициската станица Неготино. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

На 26.02.2020 во 23.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип. Во близина на с.Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Од страна на судијата на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Гевгелија. Пријавениот, на  23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз малолетно девојче од Гевгелија.

На 26.02.2020 во 13.40 било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.И.(28) од Прилеп, удрило во пешакот Р.С.(81) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 26.02.2020 во 12.58 часот било пријавено дека на ул.„Буковски мост“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која учествувале  патничко моторно возило „форд пума“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(19) од с.Барешани, битолско, патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(60) од Битола и велосипедист М.Д.(27) од Битола. Во незгодата, М.Д. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 26.02.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, А.К.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„30“ неговиот 16 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 26.02.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, П.П.(75) од Кратово пријавил дека на ул.„Франце Прешерн“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Во текот на изминатиoт ден (26.02.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности при што од сообраќај е исклучен еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол. Санкциониран е и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци. Во текот на изминатиот ден 56 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

Back to top button
Close
Close