ХроникаХроника.Портал

МВР- Билтен

На 22.02.2020 во 13.50 часот на подрачје на ПС Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(24) од с.Ињево,радовишко, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – На 22.02.2020 во 13.50 часот на подрачје на ПС Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(24) од с.Ињево,радовишко, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.02.2020 во 16.45 часот на подрачје на ПС Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2020 во 02.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, како и пиштол марка “Еkol“ со рамка без муниција за истиот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.02.2020 во 21.10 часот на ул. Вера Јоциќ, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.02.2020 околу 21.40 часот во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода Б.Д.(29) од Скопје кој управувал товарно моторно возило “Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти. По превземените активности полициски службеници во реонот на с.Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш коишто биле превезувани во возилото. Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 23.02.2020 во 01.00 часот пред маркет на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп полициски службеници од Полициска станица Прилеп при вршење на работни задачи од областа на сообраќајот го лишиле од слобода З.К.(36) од Прилеп кој управувал патничко моторно возило „Алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, бидејќи истиот одбил да се легитимира, упатувал закани и физички нападнал еден од полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.02.2020 во 04,20 часот на автобуска постојка во населба “11-ти Октомври“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода ги лишиле од слобода С.Т.(24), А.К.(18), Ф.В.(18) и Н.М.(21) сите од Скопје бидејќи физички го нападнале Д.Б(44) од с.Студеничани, скопско вработен како чувар на објект во изградба, нанесувајќи му тешки телесни повреди, бидејќи истиот во 02,40 часот ги пријавил дека го нарушуваат јавниот ред и мир. Д.Б. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.02.2020 во 07,50 часот на Граничен премин “Меѓународен Аеродром“ Скопје бил лишен од слобода С.В(40) од Битола бидејќи по извршена проверка било констатирано дека евидира во „стоп листа“ со мерка „апси“ издадена од СВР Битола. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за спроведување до Казнено поправен дом„Идризово“.

На 22.02.2020 во 17.00 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено меган“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.С.(70) од Штип и патничко моторно возило „Фиат пунто гранде“ со штипски регистарски ознаки управувано од Б.К.(34) од Штип. По незгодата возачот и сопатникот Б.С.(66) од Штип во патничкото моторно возило „Рено меган“ со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

На 22.02.2020 околу 19,00 часот во близина на бензинска пумпа на регионален пат Македонски Брод-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„Југо“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Т.Т.(59) од Македонски Брод и патничко моторно возило„БМВ“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Н.Н.(19) од с.Челопеци, кичевско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопстникот од патничко моторно возило „Југо“ М.Т.(62) од Македонски Брод кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево.

На 22.02.2020 во 22.30 часот на крстосница од бул.Браќа Ѓиноски и ул.Никола Парапунов во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано без возачка дозвола од Б.Х.(18) од Гостивар и патничко моторно возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од А.Б.(38) од Гостивар. По незгодата лицата се пренесени во Медицински центар Гостивар каде на Б.Х. му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Гостивар.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Тетово на 22/23.02.2020 во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Тетово.Притоа санкционирани се 15 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. ац/

Back to top button
Close
Close