0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен

Во СВР Тетово, вчера околи 15 часот, Х.М.(20) од село Долно Палчиште, тетовско пријавил дека во 14:30 часот на локален пат село Новак-село Јеловјане,тетовско, трактор марка “ИМТ 540“, без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(43) од село Долно Палчиште излетал од патот и паднал во бездна длабока околу 30 метри, при што во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Во СВР Тетово, вчера околи 15 часот, Х.М.(20) од село Долно Палчиште, тетовско пријавил дека во 14:30 часот на локален пат село Новак-село Јеловјане,тетовско, трактор марка “ИМТ 540“, без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(43) од село Долно Палчиште излетал од патот и паднал во бездна длабока околу 30 метри, при што во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на месттото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Вчера во 17 часот во Градски Парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 16 часот на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(18) и П.С.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 21 часот на излезот од село Банско кон село Свидовица од полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични работи Исток по превземени активности пронашле паркирано товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 лица-мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото го напуштил местото на настанот. За настанот е запознат јавен обвинител а лицата –мигранти се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17:10 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје поточно во Министерство за Екологија, Е.Д.(26) од Неготино,С.Ц.(22) од Битола, И.Б.(34) од Скопје, Ј.Н.(19) од Скопје, како и една 16 годишна малолетничка од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир по чл.27 од ЗППЈРМ со испишување на графити во вид на дланки од раце на прозорците на Министерството за Екологија и натпис на плочникот пред прозорците со цел покренување акција за Еколошка свест. Сочинети се пет записници за констатиран прекршок против лицата.

На 20 февруари 2020 година во 160 часот на ул„Нико Пусоски“ во Кичево полициски службеници од Полициска станица Кичево го лишиле од слобода Е.Ф.(31) од Кичево затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја- хероин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 16:23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15:40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите. Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утринава во 6:20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека ја искршил поставената табла со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Вчера во 11:30 часот во Транзитен центар Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(22) од Мароко, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 9 часот на крстосница помеѓу ул.„ Пионерска“, ул.„Ресавска“ и ул. Народен Фронт во Кавадарци непознато возило, управувано од засега неидентификуван возач удрило во пешак А.С.(73) од Кавадарци. Во незгодата А.С. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Вчера во 18:15 часот кај обиколница во близина на Јавно претпријатие„Комуналец“ во Демир Капија патничко моторно возило„ауди А6“ без регистарски ознаки управувано од А.С.(30) од Неготино излетало од патот при што А.С. се здобил со тешки телесни повреди и истиот е пренесен во Општата болни ца Неготино за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

На 20 февруари 2020 година во период од 17 до 18:30 часот на ул „Нико Пусоски“ во Кичево полициски службеници од Полициска станица Кичево го лишиле од слобода З.Б.(38) од Кичево затоа што при извршен претрес во неговиот дом била пронајдена најлони со траги од прашкаста материја, семки и две шишиња со течност. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13:20 часот во Полициската станица Центар, Б.Г.(40) од Скопје пријавил дека на улица „Лазар Личеновски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера во 21 часот во Полициската станица Карпош, Р.Б.(53) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата дланка. бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close