ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на „Ѓорче Петров“, синоќа во 22.00 часот, при извршен преглед кај Е.С.(25) и Н.Н.(25), двајцата од Скопје,  пронашле нож и метален пендрек на расклопување. Тие биле приведени поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на „Ѓорче Петров“, синоќа во 22.00 часот, при извршен преглед кај Е.С.(25) и Н.Н.(25), двајцата од Скопје,  пронашле нож и метален пендрек на расклопување. Тие биле приведени поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

На 19.02.2020 во 13.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје, по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во автобус на ЈСП бр.57, на ул.„Александар Урдаревски“, кај двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје пронашле електрошок и боксирач. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.02.2020 околу 16.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Трговскиот центар „Сити мол“ ги лишиле од слобода К.Г.(44) од Албанија и П.Г.(49) од Италија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

На 19.02.2020 во 18.10 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена проверка на В.А.(65) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „волво“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека зелените карти за возилото и полуприколката отстапувале по бојата и перфорацијата од оригиналната, а серискиот број бил принтан. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 19.02.2020 во 21.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – с.Росоман, кај с.Рибарци, патничко возило „мицубиши лансер“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(38) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

На 19.02.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(63) од Скопје пријавил дека на паркинг просторот под Железничка станица бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 19.02.2020 во 11.15 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во рудник во Прилеп, Д.З.(67) од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот. Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп каде од лекар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Во текот на 19.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што oд сообраќај се исклучени три возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкциониран е и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците, санкционирани се 11 пешаци. Во текот на изминатиот ден 55 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 19.02.2020 во 21.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ј.В.(21) од Скопје пријавила дека на ул.„Слан дол“, додека се движела со својот двегодишен син, детето било каснато од куче скитник во пределот на десната рака.

Полициски службеници од СВР Битола на 19.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека шест возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминале двајца возачи, две возила биле нерегистрирани, технички неисправно било едно возило, а еден возач не користел појас. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци. цр/

Back to top button
Close
Close