ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 18.02.2020 во 02.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ го лишиле од слобода Р.М.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА)На 18.02.2020 во 02.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ го лишиле од слобода Р.М.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2020 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ангел Димовски“ го лишиле од слобода Д.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2020 во 14.55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Аговски“ го лишиле од слобода С.Н.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2020 околу 00.10 часот во тетовското село Теарце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(42) од с.Мала Речица, тетовско, и Д.С.(18) од Теарце, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2020 во 17.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ извршиле преглед над Ш.М.(19) од с.Чојлане, скопско, при што пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2020 во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Македонски војски“ извршиле преглед над Ф.С.(21) од с.Љубин, скопско, при што пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2020 во 13.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Лабуништа“ во с.Лабуништа го затекнале X.H. од Р.Албанија, а од извршените проверки било утврдено дека илегално влегол во Р.С. Македонија, по што бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

На 16.02.2020 на Граничен премин „Ќафасан“, за влез во Р.С. Македонија се пријавила С.Ј.(25) од с.Селце, тетовско, за која на 01.01.2020 нејзиниот сопруг Н.Ј.(41) пријавил дека се оддалечила од домот.

На 17.02.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје патничко возило „бмв 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(30) од с.Бојане, скопско, удрило во пешакот Р.Б.(63) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Б., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.02.2020 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Будва“ во Охрид патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П.(22) од Охрид удрило во велосипед управуван од Љ.Н.(60) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

На 17.02.2020 во 12.55 часот во Полициската станица Аеродром, П.К.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Петар Ацев“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

На 17.02.2020 во 17.25 часот било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово удрило во 10-годишен пешак од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово.

На 17.02.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Центар, Т.Х.(65) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Во текот на 17.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и две возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло. Во текот на изминатиот ден, 52 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Полициски службеници од СВР Битола на 17.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека тројца возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминале тројца возачи, едно возило било нерегистрирано, сигурносен појас не користеле тројца возачи и шест возчи зборувале на мобилен трелефон додека управувале возило. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 16.02.2020 во 19.45 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека В.Т.(55) од село Злеово, радовишко, бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница. нд/

Back to top button
Close
Close