ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 16.02.2020 во 08.20 часот на Граничниот премин „Блато“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето K.J.(38) од Р.Албанија се наоѓа во евиденцијата на листа со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Италија, заради издржување на казна затвор. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера го привеле Л.Ѓ.(39) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.02.2020 во 13.55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Женевска“, ги лишиле од слобода В.Х(26), Д.Ј.(25), В.И.(29), сите од Тетово и Б.Л.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.02.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Михаил Чаков“ го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во соопштението од МВР се наведува дека синоќа во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Скупи“ го лишиле од слобода Ш.С.(31) од Пехчево, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.02.2020 во 15.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје, по претходна судска наредба, на ул.„Методија Шаторов Шарло“ го лишиле од слобода Х.А.(29) од с.Патишка Река, скопско, во врска со сторено кривично дело „измама“, како и за издржување на казна затвор.

На 16.02.2020 во 08.20 часот на Граничниот премин „Блато“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето K.J.(38) од Р.Албанија се наоѓа во евиденцијата на листа со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Италија, заради издржување на казна затвор. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

На 16.02.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид патничко возило „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од с.Велгошти, охридско. Во незгодата З.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

На 16.02.2020 во 21.35 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(19) од Скопје пријавил дека во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 16.02.2020 во 15.15 часот на крстосница помеѓу ул.„Драги Крупишки“ и ул.„Кратовска“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал 55“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ.(24) од с.Долни Балван, општина Карбинци и мопед „гарели гсп 50“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од Штип. Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

На 16.02.2020 во 11.20 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Париска комуна“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница. цр/

Back to top button
Close
Close